Categories
Uncategorized

Барање на фирма за превоз на донаторска конференција

Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово, во соработка со коалицијата Kethane објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.

1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за преведувачи на донаторска конференција

1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „New solutions to old problems“ со финансиска поддршка на финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grantи заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

Понуда за одржување на конференцијата е за 05-ти декември (понеделник) 2022 година и истата треба да содржи:

  • Превоз на учесници од Кратово, Крива Паланка, Битола, Куманово, Берово и Обратно
  • Патниците треба навремено и безбедно да бидат донесени и вратени за настанот
  • Конференцијата започнува во 11.00 часот и ќе трае до 15.00 часот

За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.

Понудената цена треба да е во денари.

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Цена

Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса  daniela@rromassn.org најдоцна до 17.11.2022 година до 16 часот.

Проектот ,,New solution to old problems” е финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.

Настанот ќе биде ко-финасиран и од проектот Romani Women Power of Change, поддржан од Евроопската Комисија, како и од проектот Smart Democracy – поддржан од Erasmus plus