Categories
Uncategorized Новости

Одржана обука во рамки на проектот ,,The Other School of Politics”

На 3 и 4 септември 2022 во Скопје се одржа обуката во рамки на проектот ,,The Other School of Politics”. Селектираните учесници добија обука од страна на експертот Срџан Амет на теми како што се: политика, јавна политика, политички идеологии, застапување, владеење на правото, социјални права, општествена еднаквост, социјални проблеми, активно граѓанство и како можат да креираат јавна акција на локално ниво. По обуката, учесниците ја имаат улогата на ментори на веќе одберени фокус групи, на кои што ќе ги пренесат знаењата стекнати од обуката.
   
Проектот ,,The Other School of Politics” е наменет за млади Роми и не-Роми, финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.
 

Целта на проектот е да се обезбеди активно учество на младите кои не можат да пристапат до своите основни права, а понатака не можат активно да учествуваат во процесите од јавен интерес за нив, но и во политиките што ги спречува да ја зајакнат нивната социјална интеграција. Преку овој проект сакаме првенствено да ги зајакнеме младите Роми, овозможувајќи им пристап и активно учество во преку учење на политичките и општествените механизми за нивна подобра инклузија и пристап до своите права како граѓани.