Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ОДРЖАНА ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO”

Од 05.05.2023 до 10.05.2023 во Стразбур, Франција беше одржана средбата European Youth Community Radio во партнерство на 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

На средбата секоја од организациите ги презентиравме нашите резултати од поткастите под име IGPS FM радио. Исто така имавме можност да разговараме со претставници од младинскиот оддел од Советот на Европа како и со претставници од EYF (European Youth Foundation), кои нѐ поддржаа во нашата цел и земаа учество во еден од нашите поткасти, на кои што одговорија некои прашања од страна на младите.

Исто така имавме можност да посетиме и видиме дел од Европските институции како Судот за човекови права, Советот на Европа и Парламентариумот.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.