Categories
Конкурси

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “ACT INTERCULTURAL”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ ACT INTERCULTURAL”, која што ќе се оддржи  од 01 до 12 јули во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да ги оспособи младите да имаат пристап до работа и истовремено да разберат подобро е исклучувањето, дискриминацијата заснована на стереотипи и предрасуди и како тоа влијае врз  подобрување на животот, и на кои начини да се бориме против тоа. Главните прашања се поврзани со пристапот до пазарот на трудот и дискриминацијата на различните неповолни групи.

49 млади учесници од Северна Македонија, Германија, Романија, Бугарија, Србија, Унгарија и Италија ќе ја имаат можностада научат како да се претстават на интервју, да направат CV и мотивациско писм,  зголемување на нивната самодоверба, да научат како да се соочат и да се борат против дискриминацијата и предрасудите,  да научат за Еразмус + и младински размени,  да научат да користат театар за да учат и да можат да  мотивираат други млади луѓе

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 30 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  25 јуни 2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.

Ве очекуваме!