Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “Нова Утопија “ (New Utopia) која што ќе се одржи  од 04.08.2023 август до 11.08.2023 август ( 4ти август и 11ти август се денови за патување) во Кампомагиоре, Базиликата – Италија.

Целта на оваа размена е да се врати духот на ова италијанско гратче, кој е загубен после долгата пандемија. Па затоа на оваа размена ќе се спроведе акција со која ќе се помогне истиот да биде вретен, односно Кампомагиоре да се врати на местото каде што и припаѓа. Кампомагиоре е основан од грофот Рендина, утопиец кој ги наследил овие земји во XVIII век и експериментирал со неговиот егалитарен широк поглед кон светот со создавање на една заедница каде што секој има куќа и работи заедно за општото добро. Исто така на овој проект учесниците ќе се мотивираат да превземат иницијатива и да го поттикнат домашниот туризам.

Цели на проектот:

  1. Надминување на маргинализацијата помеѓу руралните средини и градот.
  2. Целта и задача е да се создадат нови можности на пазарот на трудот, со фокус на територијална промоција.
  3. Обука за ИКТ, дополнителни знаења и споредување вештини.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јули 2023 година, најдоцна до 18:00 часот.