Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „BE ACTIVE IN YOUR COMMUNITY!” која што ќе се одржи  од 31.01.2024 јануари до 09.02.2024 февруари ( 31ви јануари и 9ти февруари се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Младинската размена ќе се спроведува во Бребу, Романија
и овој проект ќе соедини 63 учесници од Романија,
Шпанија, Србија, Италија, Турција, Полска и Република
Северна Македонија. Во текот на 8 – дневната размена, работните
методите ќе се засноваат на неформално образование, како што се:
дебати, симулациски игри, тим билдинг, работилница,
интеракција со локалното население, интеркултурна вечер, културни активности и рефлексии.

Цели на проектот:

  1. Да се збогати знаењето на младите луѓе, од 7 земји,
    за време на размената, за борба против климатските промени;
  2. Да се развијат, вештините и компетенциите што им се потребни на младите луѓе од 7 земји за организирање и спроведување на волонтерски активности за борба против климатските промени;
  3. Да се поттикне младинскиот интерес кај младите, да станат гласници на практиката и промоцијата на волонтирање за борба против климатските промени во заедницата, за време на
    размена и по престанокот на неговото финансирање. Во извршувањето на активностите на размената се користат стратегии за неформално образование, а за вештините стекнати во процесот на учење на размена, учесниците ќе добијат Youthpass сертификат.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 17ти јануари 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!