Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Entrepreneurship Opportunities in Sustainable Agriculture“ која што ќе се одржи  од 18.09.2024 септември до 30.09.2024 септември ( 18ти и 30ти септември се денови за патување) во Бребу, Романија.

“Entrepreneurship Opportunities in Sustainable Agriculture” е 11-дневна младинска размена која ќе обедини 48 учесници од Грција, Шпанија, Египет, Македонија, Бугарија, Ерменија, Молдавија и Романија. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со претприемништво и можности за вработување во одржливо земјоделство, техники за природно ѓубрење, здрава берба, природни екосистеми и развој на земјоделски претприемачки вештини.

Цели на проектот:

  1. Да им се помогне на учесниците преку информативни сесии и интерактивни работилници да идентификуваат и пристапат до финансиски ресурси за развој на одржливи земјоделски проекти во нивните региони.
  2. Да им се помогне на младите да создадат соодветно CV и да им се овозможи пристап до EURES Порталот.
  3. Да им се обезбеди на младите учесници подобро разбирање за земјоделството и можностите што ги нуди преку организирање посети на локални фарми, земјоделски задруги и земјоделски истражувачки центри.
  4. Да се поттикне меѓукултурен дијалог и учење и да се развие чувство на европски идентитет кај учесниците.
  5. Да се опремат учесниците со вештини за примена на одржливи земјоделски методи во нивните заедници.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 7ми септември 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

https://forms.gle/jC7t7dfJc6dsj8WR8

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)