Повик за младинска размена “ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” која што ќе се одржи  од 09.12.2024 – 16.12.2024 ( 09ти и 16ти декември се денови за патување) во Берлин, Германија.

Проектот има за цел да ги истражи практиките и методите за вклучување и зајакнување на младите во рамките на младинските организации за справување со дискриминацијата, расизмот, ксенофобијата, особено антициганизмот. Исто така, се обидува да придонесе за развој на колективна меморија на сеќавање и комеморација преку зголемување на свеста за холокаустот и геноцидот на Ромите во Втората светска војна. Во 2024 година се одбележуваат 80 години од Холокаустот на Ромите и очигледно е дека признавањето на холокаустот на Ромите е сè уште многу ниско во земјите-членки на ЕУ.

Цели на проектот:

  1. Обезбедување платформа за 30 млади поединци од различни европски земји да се соберат, да споделат искуства и да создаваат заеднички визии и приказни користејќи уметнички и креативни методи на неформално образование;
  2. Зајакнување на учесниците преку зајакнување на нивниот идентитет, самосвест и самопочит, овозможувајќи им да се залагаат за нивната кауза;
  3. Изградба на капацитетите, креативноста и иницијативата на младите Роми, како и развивање човечки ресурси во ромските организации и мрежи посветени на активно граѓанство, инклузивно општество базирано на знаење и еднакво уживање на правата и одговорностите за сите европски граѓани.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15ти ноември 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

https://forms.gle/X3bkmwxnZzCjsC2n7

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)