Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Vote for you!“ која што ќе се одржи  од 22.05.2024 мај до 31.05.2024 мај ( 22ри и 31ви мај се денови за патување) во Бребу, Романија.

Проектот се спроведува во рамките на 10-дневна младинска размена од 22 до 31 мај 2024 година во Романија, со активно учество на 48 млади луѓе од 7 земји (Германија, Португалија, Шведска, Шпанија, Грција, Романија и Северна Македонија).

Целта на нашиот проект “Vote for you!” е да ги мотивира младите да учествуваат во гласањето, изразувајќи ја својата желба да изберат и да бидат избрани како европски граѓани, активно вклучени и одговорни во животот на нивната заедница.

Цели на проектот:

  1. Да се збогати знаењето на учесниците за избирачите и за улогата на институциите/телата кои произлегуваат од гласањето;
  2. Да се олесни дијалогот меѓу учесниците за избори, учество во процесот и нивно вклучување како активни европски граѓани;
  3. Да се развие капацитетот на учесниците да организираат конкретни локални информативни кампањи за да ги мотивираат младите активно да се вклучат во нивните локални заедници.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 7ми мај 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)