Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за тренинг курс, “I Have A Dream – Empowering Change Cross Borders Through HRE” која што ќе се одржи  од 21.05.2024 мај до 28.05.2024 мај ( 21ви и 28ми мај се денови за патување) во Берлин, Германија.

Поради недостаток на свест и активен ангажман на младите лидери, особено меѓу маргинализираните групи како што се младите Роми, во промовирањето на демократските вредности и човековите права, овој проект е инициран. Проектот има за цел да ги искористи методите на неформално образование за да ги поттикне овие млади лидери да ги едуцираат своите врсници за клучни теми како што се демократијата, човековите права, пристапот до информации од јавен карактер, гласачките права, слободата на избор и важноста на граѓанското учество. Проектот се фокусира на поттикнување креативно и политичко вклучување кај младите, со цел да се негува чувство на сопственост и одговорност за демократските процеси.

Цели на проектот:

  1. Зголемување на знаењето на младите луѓе во областа на човековите права и образованието за човекови права, вклучувајќи практично знаење за активности и методи кои промовираат вклучување и учество на младите со помалку можности
  2. Олеснување на размената на информации за конкретни ситуации со човековите права во осум европски земји, поттикнувајќи подлабоко разбирање меѓу учесниците и промовирајќи заеднички напори за решавање на овие прашања
  3. Да се зајакне соработката и да се зајакнат односите меѓу 32 млади Роми и нероми, како и осум младински и про-младински организации, за промовирање на меѓукултурниот дијалог, човековите права, зајакнувањето на младите, демократијата и активното граѓанство.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 1ви мај 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!