Повик за учесници на проектот „Get Ready For A Job”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на проектот „Get Ready For A Job” кој што ќе се одржи  од 02.06 – 11.06.26 во Бребу, Романија.

📝 Опис на активностите:

Проектот „Discovering Future AI Jobs“ има за цел да им помогне на младите подобро да се подготват за современиот и дигитален пазар на труд преку користење на AI алатки и развивање практични вештини за кариера.

🎯 Цели на проектот:

🔹 Подобро разбирање на современите професии и нивните барања
🔹 Развивање на знаење за AI и неговата улога во работниот свет
🔹 Поттикнување на младите да користат AI алатки во својата идна кариера
🔹 Подготовка за променливиот пазар на труд преку практични искуства и неформално образование

👥 Кој може да се пријави:

Млади Роми и не-Роми на возраст од 20 до 33 години (Лидер 18+)
Младински работници, лидери и волонтери, средношколци
Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници​

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 23ти мај 2026 година, до 18:00 часот.

ЛИНК:https://forms.gle/Uf6rB1wwmz1M4dTGA