Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на проектот “YouVoiC – Youth voices in colour: Art for democracy” кој ќе се одржи од 15.06 до 22.06.26 во Крето – Тренто, Италија.
📝 Опис на активностите:
Проектот ја користи уметноста како алатка за граѓанско учество, овозможувајќи им на младите преку креативни и неформални методи да креираат јавни уметнички интервенции, да ги изразат своите ставови и директно да комуницираат со локални носители на одлуки. Преку соработка, peer learning и практични активности, учесниците развиваат вештини за комуникација, застапување и тимска работа. Проектот поттикнува активно граѓанство, интеркултурно разбирање и младинско учество, во согласност со приоритетите на Erasmus+ и Европските младински цели.
🎯 Цели на проектот:
- Поттикнување активно граѓанство преку уметност – овозможување младите, особено од рурални и маргинализирани средини, активно да учествуваат во демократскиот живот преку креирање јавни уметнички интервенции што ги изразуваат нивните идеи и потреби.
- Поддршка на инклузија и интеркултурен дијалог – зајакнување на младите, особено од ромските заедници и помалку привилегирани средини, да ги споделат своите идентитети, да ги надминат стереотипите и да градат меѓусебно разбирање преку креативна соработка.
- Развивање вештини за учество и застапување – јакнење на капацитетите на младите во комуникација, граѓанско учество и застапување преку директна соработка со локални носители на одлуки и поттикнување колективна акција.
👥 Кој може да се пријави:
- Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 26 години
- Младински работници, лидери и волонтери, средношколци
- Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
- Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Трошоци и останати информации
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:
✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена
ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 18ти мај 2026 година, до 18:00 часот.
