Волонтерите на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) беа активно вклучени и дел од реализацијата на проектот „DISCOVERING FUTURE AI JOBS“, кој се одржа во периодот од 21.04 до 30.04.2026 година во Бребу, Романија.
Проектот успешно се реализираше со учество на млади лица од различни земји, а преку неговите активности учесниците имаа можност да стекнат знаења и вештини поврзани со вештачката интелигенција (AI), кариерно насочување и подготовка за современиот пазар на труд.
Преку работилници и практични сесии, младите работеа на изработка на CV, мотивациски писма и професионални профили со користење на AI алатки, како и на истражување на различни кариерни патеки и можности за идно вработување.
