Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација – РРОМА Кратово, во рамките на проектот на Европската унија „Жените Ромки – моќ на промените во Западен Балкан и Турција“ референца за договор за грант 2019/413-758, финансиран од Европската комисија, DG NEAR во рамките на ИПА Програма, објавува повик за ЕКСПЕРТ за ИЗРАБОТКА НА МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Собирањето податоци за извештајот од мониторингот започнува со истражување за достапните информации и актуелните податоци, создавајќи преглед на ситуацијата. 

Опис на работен ангажман:

 Потребни квалификации:

Должина на извештајот:

Извештаите треба да вклучуваат факти и податоци – колку што е можно повеќе и во форма на графикони, табели, мапи итн. – и треба да избегнуваат долги описи.

Идеалната должина на сеопфатен мониторинг извештај  може да се движи од минимум 15 страници и максимум околу 35 страници

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

Рок на аплицирање: 31.05.2024 година до 16.00 часот. Најповолната понуда ќе биде избрана од страна на РРОМА.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на РРОМА. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од РРОМА.

Временска рамка:

Подготовка на нацрт – верзија на документот – најдоцна до 15.06.2024г.

Усогласување на нацрт-верзијата со коментарите од проектниот тим – најдоцна до 20.06.2024г.

Финализација на документот– најдоцна до 25.06.2024г.