Повик за младинската размена “United we stand, divided we fall!” – Поронин (Полска)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “United we stand, divided we fall!”, која што ќе се оддржи од 14 до 22 јуни 2019 во Поронин, Полска (Татра планини).

Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да научат повеќе за основните вредности на кои што се темели Европската Унија. Темата на младинската размена е толеранцијата, почитта и прифаќањето на различностите. Учесниците од Македонија, Полска, Словачка и Унгарија ќе учат за човекови права, интеркултурен дијалог, алатки за борба против феноменот на расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и фашизмот во нашите општества.

Проблемот со расизмот, нетолеранцијата, социјалната исклученост доаѓа од незнаење, или поточно од страв предизвикан од недостаток на знаење, поради што веруваме дека оваа младинска размена ќе им помогне на учесниците не само да го прошираат своето знаење, туку да развијат почит и толеранција кон разновидноста во нашите општества.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 22 година (можни се исклучоци)
  • млади лидери/ки, младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10 јуни 2019 година (понеделник), до крајот на денот (23:59 часот)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!