
Проектот се состои од обука и семинар, како одговор на потребите на младинските организации:
- да се подигнат капацитетите на 30 младински работници за работа со млади Роми и да се подигне бројот на млади Роми вклучени во младински активности;
- да се адресира недостигот на искуство и знаење за тоа како да се работи со млади Роми.
Генералната цел на проектот е да се подигне капацитетот на Ромските и не-Ромски граѓански организации за работа со млади Роми.
Конкретни под-цели се:
- 10-те партнерски организации да се стекнат со искуство за работа со млади Роми;
- да се зголеми употребата на водичот “9 чекори за работа со млади Роми”;
- да се зголеми активното учество на младите Роми во своите локални заедници;
- да се промовира не-формалното образование и учењето низ пракса кај младите Роми.
Проектот се состои од три главни активности*:
- ОБУКА: 8-дневна обука за младинска работа и инклузија, употреба на водичот “9 чекори за работа со млади Роми” во младинскиот камп Марабу, Милковени во Романија. Предложените датуми за реализација се помеѓу 10 и 20 јуни 2017 година.
- ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: По обуката учесниците ќе имаат можност наученото од обуката да го реализираат низ практична активност во своите заедници во матичните земји. За таа цел ќе добијат поддршка од организаторите и партнер организациите вклучени во проектот.
- СЕМИНАР: Семинар за евалуација и споделување на добрите практики организиран во декември 2017 година. Локација Литомисл (Castel Brewery Litomysl), Чешка.
*Задолжително е учесниците кои што учествуваат на обуката во Романија, да бидат и дел од семинарот во Чешка.

- млади Роми и не-Роми, со и без искуство во младинска работа и кои што се заинтересирани за младинска работа и работа со млади Роми од 18 до 30 години,
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
- да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање и работа во групи;
- да се слободни и достапни за двете активности во Романија и Чешка;
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Чешка!
- трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
- трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 30 април 23:59 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

