Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации од областа на вработувањето, односно младите да се подготвуваат како да се соочуваат со „суровата“ реалност за барање работа, подготовки на CV и интервјуа.
Но, исто така преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Шпанија, Романија, Италија и Литванија).
Младинската размена ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 11 до 16 декември 2017 година.
Можат да се пријават:
– млади на возраст од 16 до 26 години;
– младински работници, волонтери, уметници…
– работен јазик е англиски и јазикот на креативноста 😛
Дел од работата на младинската размена ќе биде креирање на импро-театар поврзан со темата!
Сите трошоци поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!