Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,My future job” која што ќе се одржи  од 11.09.2023 септември до 21.09.2023 септември ( 11ти септември и 21ви септември се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Ова е втората и воедно последна фаза од проектот кој се спроведуваше во две фази, а првата беше одржана во периодот од 10-20 јули 2023 на која волонтери од РРОМА зедоа учество.

Целта на проектот е да се обезбеди можност за учење на младите со цел да се стекнат  со информации и искуство, нови вештини и компетенции специфични за советување и кариерно насочување, како и пристап до информации од онлајн сферата со цел да соочувањето со интервју за работа и изготвувањето документи за вработување  се направат полесни. При овој проект се очекува младите да ги развијат своите комуникациски вештини, одговорност, тимска работа, критичко размислување, преговарање, итн. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество и да го зајакне квалитетот на неформалните процеси на учење.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на 90 млади луѓе од руралните и градски средини, од 9 земји, идентификување на нивниот образовен или професионален план и пристап до информации од онлајн сферата во врска со вработувањето
  2. да се развијат 90 млади луѓе од 9 земји, нивните вештините и компетенциите поврзани со воспоставувањето на образовниот или професионалниот план  и барање работа, поддршка при интервју за вработување и изготвување на онлајн документи за истото;
  3. да се поддржи пристапот на младите  до информациите од онлајн средина специфична за насочување и кариерно советување, како и за порталот EURES со националниот и европскиот пазар на труд, за време на проектот и по престанокот на истиот.

На повикот може да се пријават:

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 5ти септември 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!