Categories
Uncategorized Конкурси Новости

16 мај – Ден на Ромскиот отпор

🕯 СЕЌАВАЊЕ НА РОМСКИОТ ОТПОР – 16 МАЈ 1944 🕯

На денешен ден, 16 мај 1944 година, се случи еден од најхрабрите чиневи на отпор за време на Холокаустот — од страна на Роми: мажи, жени и деца, затворени во т.н. „Цигански камп“ (Zigeunerlager) во Аушвиц-Биркенау.

Благодарение на предупредувањето од членовите на отпорот во логорот, затворениците дознаа дека СС-властите планираат таа вечер да ги ликвидираат и да ги пратат во гасните комори. Но тие одбраа отпор! Со сѐ што имаа при рака – алати, метални шипки и голи раце – Ромите се кренаа на отпор. Дел од нив беа поранешни војници и искусни борци. СС-властите, стравувајќи од поголем бунт и загуби, се повлекоа.

Но казната за нивната храброст беше сурова.

📍 Во следните денови:

  • Им беа укинати и оние минимални дневни оброци.
  • На 23 мај, над 1.500 Роми беа депортирани во Бухенвалд.
  • На 25 мај, 82 мажи беа пратени во Флосенбург, а 144 жени во Равенсбрук.
  • Во логорот останаа помалку од 3.000 лица, претежно жени, деца и стари лица.

💔 Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1944, тие беа одведени во гасната комора број V. И покрај отпорот што го дадоа до последен здив, 2.897 Роми беа убиени, а нивните тела беа спалени.

📌 16 мај денес се одбележува како Ден на Ромскиот Отпор – симбол на достоинство, храброст и човечност во најмрачните времиња.