Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” која што ќе се одржи  од 08.12.2025 – 15.12.2025 во Берлин, Германија.

Проектот има за цел да ги истражи практиките и методите за вклучување и зајакнување на младите во рамките на младинските организации за справување со дискриминацијата, расизмот, ксенофобијата, особено антициганизмот. Исто така, се обидува да придонесе за развој на колективна меморија на сеќавање и комеморација преку зголемување на свеста за холокаустот и геноцидот на Ромите во Втората светска војна.

Цели на проектот:

  1. Обезбедување платформа за 30 млади поединци од различни европски земји да се соберат, да споделат искуства и да создаваат заеднички визии и приказни користејќи уметнички и креативни методи на неформално образование;
  2. Зајакнување на учесниците преку зајакнување на нивниот идентитет, самосвест и самопочит, овозможувајќи им да се залагаат за нивната кауза;
  3. Изградба на капацитетите, креативноста и иницијативата на младите Роми, како и развивање човечки ресурси во ромските организации и мрежи посветени на активно граѓанство, инклузивно општество базирано на знаење и еднакво уживање на правата и одговорностите за сите европски граѓани.

👥 Кој може да се пријави:

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 11ти октомври 2025 година, до 18:00 часот.

Аплицирај тука:https://forms.gle/SjrhbVwLFvcE7iAA7