Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно беше дел од младинската размена „ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY“, која се одржа во периодот од 08.12.2025 до 15.12.2025 во Берлин, Германија.
Во рамките на проектот учествуваа млади луѓе и волонтерите на РРОМА, кои беа активен и значаен дел од сите проектни активности и придонесоа кон успешната реализација на размената.
Проектот имаше за цел да ги истражи и примени практиките и методите за вклучување и зајакнување на младите во рамките на младинските организации, со цел справување со дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, со посебен фокус на антициганизмот. Дополнително, проектот придонесе кон развој на колективна меморија на сеќавање и комеморација преку зголемување на свеста за холокаустот и геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна.
Реализирани цели на проектот:
- Беше обезбедена платформа за 30 млади учесници од различни европски земји, кои се собраа, разменуваа искуства и креираа заеднички визии и приказни преку уметнички и креативни методи на неформално образование;
- Учесниците и волонтерите беа зајакнати преку јакнење на нивниот идентитет, самосвест и самопочит, што им овозможи поактивно да се залагаат за своите права и каузи;
- Беа изградени капацитетите, креативноста и иницијативата на младите Роми, а воедно беше придонесено кон развој на човечки ресурси во ромските организации и мрежи посветени на активно граѓанство, инклузивно општество базирано на знаење и еднакво уживање на правата и одговорностите за сите европски граѓани.



