Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на тренинг курсот кој ќе се одржи од 09.05 – 17.05.26 во Кратово, Северна Македонија.
📝 Опис на активностите:
Проектот има за цел да развие креативни и иновативни методи во младинската работа за промовирање на социјална инклузија, интеркултурен дијалог и борба против антициганизмот. Во рамки на проектот, 46 младински работници ќе учествуваат на тренинзи и работилници за креативна младинска работа, дигитални практики и јавни акции, користејќи театар, музика, дигитални медиуми и flash mob. Проектот ќе се фокусира и на менталното здравје и благосостојбата на младите, преку активности за препознавање и надминување на дискриминацијата, анксиозноста, депресијата и насилството.
🎯 Цели на проектот:
• Да им обезбеди на 46 младински работници практични знаења и вештини за користење креативни и дигитални методи во младинската работа.
• Да го зголеми знаењето за антициганизмот, дискриминацијата и начините за нивно надминување преку јавни и креативни акции.
• Да придонесе кон подобрување на менталното здравје и создавање платформа за соработка и размена помеѓу млади Роми и не-Роми.
👥 Кој може да се пријави:
Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 40 години
Младински работници, лидери и волонтери, средношколци
Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Трошоци и останати информации
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:
✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена
ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 29ти април 2026 година, до 18:00 часот.
