Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на проектот „Still, We Rise“кој ќе се одпжи од 17.05 – 24.05.26 во Берлин, Германија.
📝 Опис на активностите:
„Still, We Rise“ е 6-дневен Erasmus+ тренинг курс кој ќе собере 35 млади лица и младински работници на возраст од 18 до 30 години од различни европски земји. Проектот е заснован на едукација за човекови права и неформално учење, при што учесниците ќе имаат можност да ги истражат своите права, да се спротивстават на дискриминацијата и да изградат солидарност помеѓу различни заедници. Преку интеркултурен дијалог, групна работа и практични активности, младите ќе развијат знаења и вештини за активно учество, застапување и создавање позитивни промени во своите заедници.
🎯 Цели на проектот:
• Да го зголеми знаењето на учесниците за човековите права, правата на малцинствата и меѓународните механизми за нивна заштита.
• Да им помогне на учесниците да препознаат и да одговорат на различни форми на дискриминација, вклучувајќи директна, индиректна, структурна и интерсекциска дискриминација.
• Да ги охрабри младите активно да се вклучат во своите заедници преку застапување, граѓанско учество и иницирање позитивни општествени промени.
👥 Кој може да се пријави:
Млади Роми и не-Роми на возраст од 18+ години
Младински работници, лидери и волонтери, средношколци
Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Трошоци и останати информации
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:
✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена
ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 27ми април 2026 година, до 18:00 часот.
