Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАН ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,DIGITALIZE – TOOLS FOR ROMA ADULTS TO USE INTERNET AND PROMOTE EDUCATION”

Од 17 до 20 август 2022 во Охрид, Северна Македонија се одржа транснационална средба во рамки на проектот,,DIGITALIZE – Tools for Roma adults to use Internet and promote education”. На средбата беа присутни партнер организациите РРОМА – Македонија, EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија, Asociatia, Nevo Parudimos – Романија и Amaro Foro – Германија.

На состанокот се дискутираше за развојот на финалните интелектуални производи, со тоа што од страна на организацијата од Унгарија,  EgyüttHató Egyesület, беше одржана презентација на брошурата, односно прирачникот кој ќе биде исполнет со илустрирани прикази, насоки и совети поврзани со онлајн шопинг, онлајн банкарство, онлајн користење на услуги и како да се заштитиме себеси од сајбер насилство како и нашите лични податоци. Акцентот во дискусијата беше ставен на финализирање на проектот односно планирање на завршните активности и продукти со прибирање идеи од сите партнер-организации.

Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси

Повик за младинска размена ,,Smart Democracy” во Италија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “SMART DEMOCRACY – The importance of democracy in the digital life” , која што ќе се оддржи  од 22.09.2022 до 29.09.2022  (22 и 29 септември се денови за патување) во руралната област Brindisi di Montagna во областа Basilicata.

 

Преку овој проект се стремиме да ги постигнеме следните цели:

  • Зголемување и промовирање на проактивното учество на младите од руралните и приградските средини;
  • Да се шират вредностите и идентитетите на ЕУ во различни области на ЕУ;
  • Заедно со младите луѓе  да се подигне и развие свеста за тоа што значи демократско учество за младите;

Во проектот ќе бидат споделени информации за тоа како да се имплементира просторот на соединување и учество меѓу младите и носителите на одлуки и ќе бидат имплементирани алатки за промовирање активно учество (не само гласање), туку како да се биде дел од процесот на дискусија и развој на социјални идеи направени од младите заедно со локалните носители на одлуки.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 24 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 11 септември 2022 година најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации!

Размената е поддржана од Еразмус+

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ,,LOOSE ENDS” – МАПИРАЊЕ НА КОРЕНИТЕ НА МАРГИНАЛИЗАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ

На 16.08.2022 се одржа четвртиот односно последниот транснационален состанок во рамки на проектот ,,Loose Ends – Мапирање на корените на маргинализација кај младите”. Проектот „Loose Ends“ е меѓународна соработка на три граѓански организации (Együttható Egyesület, Nevo Parudimos и РРОМА)  кои што се активни во полето на образование, социјална работа и/или застапување на младите. Стратешкото партнерство е финансирано од програмата Еразмус+ на Европската унија.

На состанокот за менаџментот се разговараше за извештаите , прирачникот за обезбедување квалитет  и статусот на дисеминација. Тема на дискусија исто така беше и следење на напредокот на интелектуалниот производ, евалуација на процесот на интервјуа, известување за делумни резултати.

 

      

Categories
Uncategorized Новости

КОМЕМОРАЦИЈА 2 АВГУСТ DIKH HE NA BISTER – СЕЌАВАЊЕ НА РОМСКИОТ ГЕНОЦИД

Од 28 јули до 4 август РРОМА заедно со други партнер организации учествуваше на комеморацијата Dikh He Na Bister – Гледај и не заборавај, организирана во чест на Ромскиот геноцид во Аушвиц.

На 2 август 2022 година, се сеќаваме на сите 500.000 Роми и Синти кои беа убиени во Европа окупирана од нацистите. Ние се сеќаваме и им оддаваме почит и на безброј други кои беа ограбени, деградирани, киднапирани, нападнати, експериментирани, стерилизирани, оние кои ги загубија своите семејства, пријатели и животот во Ромскиот геноцид.

На 2 август 1944 година, приближно 4.300 затвореници Роми – главно жени, деца и стари лица – беа принудени да излезат од касарните на Аушвиц-Биркенау, и покрај нивниот отпор. Тие беа убиени во гасните комори и изгорени во крематориум V.

Во 2015 година, 2 август беше прогласен од страна на Европскиот парламент за европски меморијален ден на холокаустот на Синти и Роми.
На овој ден се собираме во Аушвиц-Биркенау, местото каде што дискриминацијата и омразата ескалираа во ужасно насилство, експлоатација и убиства на индустриско ниво.
Ние сме 200 Роми и не-Роми од 11 различни земји плус група од 50 млади луѓе од Романија и тука сме да учиме, да дискутираме и да не заборавиме.

Учесниците на Dikh He Na Bister одржаа трогателна младинска комеморација пред крематориумот V од кампот Биркенау, каде пред 78 години на 2-ри август 1944 година, повеќе од 4000 затвореници Роми и Синти беа егзекутирани во гасната комора.

        

По младинската комеморација што учесниците на DHNB ја имаа утрото пред крематориумот V, тимот се приклучи на главниот комеморативен настан на споменикот на Ромите и синтите кои загинаа во Аушвиц Биркенау.
Пред присутните збор го зедоа неколку официјални лица како што се: –
– Роман Квјатковски, претседател на Здружението на Ромите во Полска
– Романи Розе, претседател на Централниот совет на германски Синти и Роми
– Кристијан Пфеил, преживеан
– Бодо Рамелоу, претседател на Бундесратот
– Хелена Дали, еврокомесар за еднаквост
– Пјотр Цивински, директор на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау
– Наталија Томенко, Dikh He Na Bister,  ternYpe Меѓународна ромска младинска мрежа

      

Денот беше добра можност за нашите учесници да им оддадат почит на нивните предци и сите жртви на холокаустот и да размислуваат за ужасите што беа извршени за време на Втората светска војна за да се погрижат тие никогаш да не се повторат.

Categories
Новости

Одржана онлајн средба во рамки на проектот ,,New Solutions to Old Problems”

На 21.07.2022 година на платформата ЗООМ се одржа онлајн средба на стратешкото партнерство  „ Нови решенија за старите проблеми-размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“  кое е финасирано од Исланд,Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка.

На средбата се дискутираше за текот на малите купени проекти и за нивното ниво на имплементација и соработката помеѓу партнерите како продавачи и како купувачи на проектите. Секој од партнерите го претставија проектот на кој се ангажирани како и која е нивната улога за истиот. Тема на разговор исто така беше и начинот на кој ќе се изведе видеото кое е еден од финалните продукти на проектите.

Categories
Новости

Се одржа онлајн состанок во рамките на проектот “Invisible Power”

На 20,07,2022 на онлајн ЗООМ  платформата се одржа средба со Ромските девојки и жени во рамките на проектот ,,Invisible Power” финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.

На овој состанок жените и девојките имаа можност да ги споделат своите приказни, и да ја споделат нивната невидлива моќ.

Вториот дел од состанокот се разговараше за обврските и активностите кои треба да ги реализираат, Ромските девојки и жени беа информирани за реализацијата на кампањата и закажаната заедничка средба која е предвидена да се одржи на 10 и 11 Септември

.

 

Categories
Uncategorized Новости

Заврши младинската размена ,,Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas”

Од 1ви до 12ти јули во Бребу, Романија се одржа младинската размена во рамки на ,,Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas поддржана од Ерасмус+.

За време од 10 дена, 40 млади луѓе од 5 држави: Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција, и Романија, со приоритет од руралните и периферните урбани средини на живеење, имаа можност да разменат познанства и да учествуваат на многу активности и работилници предвидени во размената.

Тие низ низа на работилници го проширија своето знаење за еколошко земјоделство, и претприемништво во руралните средини преку развивање на иновативни и претприемачки вештини како и развивање на бизнис идеи. Младите учесници исто така ја имаа можноста да разговараат со локалното население и со локалните земјоделци што кај нив поттикна интерес да го практикуваат и промовираат органското земјоделство како чекор кон поактивно граѓанство и поголемото развивање на руралните средини.

Categories
Uncategorized Новости

Одржана средба во рамките на проектот ,,The Other School of Politics”

На 19.07.2022 година на ЗООМ платформата, РРОМА одржа онлајн средба со селектираните ментори и експерт во рамките на проектот ,,The Other School of Politics” финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА и Норвешки Грант.

 

На средбата селектираните ментори се запознаа со експертот кој ќе биде одговорен за нивната обука и разговараа за потенцијалниот начин на реализација на обуката. Исто така дискутиравме за идните активности на менторите со нивните фокус групи како и за нивните очекувања од обуката.

 

 

 

Categories
Uncategorized Новости

Одржана младинската размена ,,Food, Air, Exercise- F.A.E” во Италија

Во периодот од 4ти до 11ти јули се одржа младинската размена ,,Food, Air, Exercise – F.A.E” во Бари, Италија во рамки на програмата Еразмус+. На размената учествуваа 42 млади луѓе од 6 организации од различни држави: Северна Македонија, Германија, Грција, Италија, Романија и Турција.

 

Учесниците беа дел од работилници и социјални активности за промовирање на личен развој и добар начин на живот што под влијанието на пандемијата „Ковид-19“ беше делумно променет.Проектот се заснова на потребата повторно да се најде психофизичка рамнотежа, особено по меѓународната пандемија.

Активностите на проектот се засноваат на: колаборативни работилници; социјални идеи и спортски активности на отворено (јога; трекинг итн.) Исто така учесниците имаа можност да научат да готват здрави оброци, да ги покажат своите спортски способности на терен и да го надоградат своето знаење за придобивките на чистиот воздух, здравата храна и физичката активност.

Categories
Uncategorized Новости

Одржана подготвителна средба во рамките на 2ри август – Dikh He Na Bister

Втори август е европски ден на сеќавањата на холокаустот врз Синтите и Ромите кога на истиот ден во 1944 година во една ноќ во Аушвиц се убиени 4300 луѓе. По тој повод РРОМА заедно со своите партнер организации, секоја година преку комеморација го обележува тој датум во чест на Ромите и Синтите, жртви на Холокаустот.

 

За таа цел, денеска, на 18.07.2022 РРОМА одржа подготвителна средба со селектираните учесници кои ќе учествуваат на комеморацијата од 28.07.2022 до 04.08.2022 во Полска, Аушвиц на која што им беа споделени подетални информации за текот на активностите кои ќе следат таму, и исто така им се даде еден историски осврт кон ромскиот геноцид и ефектите на Холокаустот врз Синтите и Ромите.