



Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Zor Romani“ која што се оддржува од 15-ти до 20-ти мај 2016 година во Барселона, Шпанија.
Младинската размена има за цел креативно да ги мобилизира и зајакне капацитетите на околу 40-тина млади Роми и не-Роми од 6 европски земји (Шпанија, Македонија, Италија, Албанија, Бугарија и Полска). Учесниците ќе имаат можност да научат за Ромската култура во рамките на светската култура и уметноста, вклучувајќи го сликарството и книжевноста, истражувајќи дела на Пикасо, Веласкес, Сервантес, Федерико Гарсија Лорка и др. Исто така, ќе можат да развијат критички погледи за историјата и влијанието на Ромскиот народ врз модерната светска култура и уметност.
Размената се оддржува во Барселона од 15-ти до 20-ти мај 2016 година.
Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 16 до 25 години;
– да имаат желба да научат за Ромската култура;
– да имаат желба да споделуваат знаење и работат во група;
– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
– Работен јазик е англиски!
– да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Шпанија!
Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во хотел во Барселона
– Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до аеродромот Скопје и назад!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 15-ти април, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Барселона од 15-ти до 20-ти мај 2016 година!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!

Бидејќи мандатите на претходното раководство и структури беа истечени, се гласаше за ново раководство. Се избираше нов претседател, нов одбор и претседател на одборот. Првиот мандат на стариот претседател Мустафа Јакупов истече кон почетокот на 2016-та година, како и на членовите на претходниот одбор.За претседател на одборот, и заменик-претседател на организацијата беше изгласан Ервин Асановски.
Исто така, како нови членови на собрание беа изгласани:
На состанокот беа усвоени наративниот извештај за 2015-та, завршната сметка за 2015-та и годишната програма за 2016-та.
Предавачите на работилниците проследија информации до учесниците на темата „Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“, изработувајќи своја презентација и употребувајќи методи и алатки од учебникот на Советот на Европа „Right to Remember- A Handbook for Education with Young People on the Roma Genocide“. Беа обезбедени 38 копии од учебникот за учесниците на проектот на РРОМА, во соработка со Европскиот Младински Центар од Стразбург и Одделот за млади при Советот на Европа.Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Herdelezi stories 2016“ која што се оддржува од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година во Берлин, Германија.
Оваа билатерална младинска размена им дава можност на 16 млади Роми и не-Роми од Македонија и Германија да работат креативно на создавање на уметнички перформанс за време на традиционалниот Херделези фестивал кој што се оддржува секоја година во Нојкелн, Берлин.
Самите млади учесници се во центарот на случувањата, вклучувајќи се со нивните идеи, предлози, интерес и вештини. Младинската размена настојува да ја разбуди нивната креативност и самодоверба, да им даде алатки за изразување и можност нивниот глас да се слушне за време на фестивалот!Работилниците ќе се оддржуваат на различни локации во Нојкелн, Берлин.
Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 25 години;
– да имаат желба за работа на уметнички перформанс;
– да имаат желба да споделуваат знаење и научат повеќе за Ромската култура;
– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
– Работен јазик е англиски, но ќе се употребуваат Ромски јазик, како и останати ех-ју јазици!
Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во младински хостел во Берлин, со бањи и тоалети на спрат;
– Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 20-ти март, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Берлин од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!
