ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,, СВЕСНОСТА ЗА НАШЕТО ОБРАЗОБАНИЕ “(THE AWARENESS OF OUR EDUCATION – ТАОЕ)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена,, СВЕСНОСТА ЗА НАШЕТО ОБРАЗОБАНИЕ “(THE AWARENESS OF OUR EDUCATION – ТАОЕ) која што ќе се одржи  од 07.07.2023 јули до 15.07.2023 јули ( 7ми јули и 15ти јули се денови за патување) во Бриндизи ди Монтања, Италија.

Проектот е дизајниран да ги обучи младите да користат нови дигитални платформи за да конструираат и организираат сопствени образовни програми. Поради различните национални регулативи, сите земји на ЕУ мораа да организираат дигитални активности за време на пандемијата COVID-19 за да се обезбеди вклучување, ангажман и вклученост во образованието на младите. СОВИД-19 го наруши училиштето и образовниот процес. Според УНЕСКО, затворањето на училиштата од основното до високото образование зафати 1,5 милијарди деца и млади – 87% од глобалната студентска популација – од средината на април 2020 година во 195 година земји. Дали образованието ќе се промени? Некои го сметаат непланираната и нагла промената на онлајн учење ќе резултира со лошо корисничко искуство и ќе го попречи раст, додека други предвидуваат нов хибриден модел на образование од кое ќе се појавуваат големи придобивки. „ТАОЕ“бара млади од шест ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ да испробаат иновативни, забавни методи на студирање и други дигитални платформи. На овој проект ќе земат учество 6 држави меѓу кои Италија, Турција, Србија, Германија, Романија и Северна Македонија.

Цели на проектот:

  1. Подигнување на свеста кај група од четириесет и осум млади луѓе за дигиталните образовни алтернативи достапни низ Европа за подобрување на нивното образование.
  2. Зголемување на самодовербата и поттикнување да учествуваат младите во дигитални активности.
  3. Зголемување на знаењето околу дигитализацијата и дигиталниот напредок за време на пандемијата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 27ми јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот

Детективска игра и кампања во рамки на проектот ,,Roma Youth Bring Change”

По повод ,,16 мај – Денот на ромскиот отпор’’, РРОМА во рамки на проектот ,,Roma Youth Bring Change’’ организираше детективска игра и кампања на тема антициганизам во Скопје.

Целта на активностите беа да се одаде значење на историјата и културата на Ромите како и да се подигне свеста за последиците од антициганизамот како форма на расизам. За остварување на оваа цел, 4 млади луѓе кои поминаа обука за креирање и реализирање на детективска игра како и 4 млади луѓе кои беа обучени за кампања, со помош на својата креативност  успејаа да ги прошират видиците на дел од луѓето кои изразија желба и љубопитност да бидат дел од нашата активност.

Детективската игра  водена од четирите млади фасилитатори имаше за цел да адресира дел од историското потекло на предрасудите и стереотипите спрема Ромите. Целта на детективската игра беше да се најде изгубениот декрет на австриската владетелка Марија Терезијас  која за поголема економска ефикасност и социјална контрола во 1758, 1773 и 1783 година објави декрети со цел присилна асимилација на Ромите. Овие декрети им забранија на Ромите да поседуваат коњи и кочии и ги забраниле нивните традиционални занимања како музичари, трговци со коњи и ковачи и нивната номадска природа. Имињата им беа заменувани со нови германски имиња, а употребата на ромскиот јазик резултираше во физички казни. Сепак, најсуровата регулатива предвидуваше децата Роми  да бидат одземени од нивните родители и да им се дадат на неромските семејства за да се ,, стекнат со подобро образование’’.

Детективите имаа задача да го најдат ,,случајно’’  изгубениот декрет издаден од Марија Терезијас кој што претходно престојувал во музеј. Тие беа водени од скриени писма на повеќе тајни локации низ Скопје, предводени од еден од ,,вработените во музејот’’  за кој што со последната трага и неколку елементи кои се совпаѓаа со приказната,  се испостави дека е крадецот на декретот. Детективската игра заврши со тоа што младите детективи го уапсија крадецот, и на крајот им беше објаснета целта на оваа игра како и инспирацијата за истата од вистински историски настан.

Потоа во рамки на истиот проект следуваше кампања на тема ,, Културата на Ромите и антициганозамот’’ каде што четирите младичи обучени за кампања направија ,,Ѕид на предрасудите’’  чија цел беше љубопитните минувачи да пријдат и ѕигла по ѕигла да го срушат, со секоја ѕигла откривајќи по еден факт за ромската историја, култура и антициганизмот. На минувачите исто така им беа доделени флаери со едукативни натписи за оваа форма на расизам и како може да делуваме.

Овој проект е во соработка со Autonomia, Detectivity и ERGO Network, а е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

ОДРЖАНА ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO”

Од 05.05.2023 до 10.05.2023 во Стразбур, Франција беше одржана средбата European Youth Community Radio во партнерство на 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

На средбата секоја од организациите ги презентиравме нашите резултати од поткастите под име IGPS FM радио. Исто така имавме можност да разговараме со претставници од младинскиот оддел од Советот на Европа како и со претставници од EYF (European Youth Foundation), кои нѐ поддржаа во нашата цел и земаа учество во еден од нашите поткасти, на кои што одговорија некои прашања од страна на младите.

Исто така имавме можност да посетиме и видиме дел од Европските институции како Судот за човекови права, Советот на Европа и Парламентариумот.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Заврши обуката Roma Youth Advocacy Training

Во периодот од 22-28 април беше одржана обука на тема ,,Застапување на млади Роми” во Брисел, Белгија. На оваа обука зедоа учество тројца наши учесници, а воедно имаа шанса да се запознаат и споделат мислење и ставови со уште други 30тина учесници од различни држави низ Европа.

Целта на обуката беше да се подигне гласот на младите Роми за борба против антициганизмот и за унапредување на важни прашања за ромските заедници за време на Ромската недела во ЕУ 2023 година, чиј домаќин е Европскиот парламент и граѓанското општество. А покрај тоа и да ги поттикнат младите Роми да имаат глас, да станат клучни агенти на промените и да ја поттикнат солидарноста меѓу младите!

Учесниците исто така имаа шанса на оваа обука да го посетат Европскиот парламент, да појадуваат заедно со членови од Европскиот парламент на кој се разговараше токму за младинското застапување, положбата на Ромите и совети како да бидат подобри во младинско застапување. Воедно присуствуваа и на конференцијата „Chachipen“ на која можеа да дознаат повеќе за историјата, сеќавањата и правата на Ромите во Европа.

Исто така нашите учесници присуствуваа и на презнтации од младински организации кои работат во интерес на младите во Белгија и Европа. Овие презентации беа одржани од: IGLYO, FEMYSO, ENAR, EUJS, EFAY и European Youth Forum – Европски младински форум. Покрај тоа добија и корисни информации за стажирање и младински размени кои секако е им помогнат во иднина.

И како за крај на овој настан присуствуваа на доделувањто награди за Ромска интеграција во Западен Балкан и Турција. Нашите учесници се вратија од оваа обука со наполнета меморија за знаење, а воедно и со одлично помината обука со забава и интеракција.

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,МЛАДИТЕ ГРАДАТ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРО УТРЕ”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена „Младите градат можности за подобро утре“(Јóvenes construyendo oportunidades para el mañana) која што ќе се одржи  од 01.06.2023 јули до 09.06.2023 јули ( 1ви јуни и 9ти јуни се денови за патување) во Зарагоза, Шпанија.

Проектот е дизајниран како процес за разбирање на важноста на промените што се случуваат при полнолетството, различните услови во кои секој млад човек ја достигнува оваа точка во својот живот и можностите што ги нуди програмата Еразмус+ на младите, особено на оние со помалку можности.

Цели на проектот:

  1. Анализирање и дискутирање за главните проблеми за негување и намалување на невработеноста кај младите, а со тоа и изнаоѓање решенија за проблемот.
  2. Подобрување и развивање на меките вештини (комуникација, лидерство, креативност, критичко размислување, дигитални компетенции итн.)
  3. Зајакнување на младите луѓе да станат примерни работниците и идни Европејците.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти мај 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,MY FUTURE JOB”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,My future job” која што ќе се одржи  од 10.07.2023 јули до 20.07.2023 јули ( 10ти јули и 20ти јули се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Целта на проектот е да се обезбеди можност за учење на младите со цел да се стекнат  со информации и искуство, нови вештини и компетенции специфични за советување и кариерно насочување, како и пристап до информации од онлајн сферата со цел да соочувањето со интервју за работа и изготвувањето документи за вработување  се направат полесни. При овој проект се очекува младите да ги развијат своите комуникациски вештини, одговорност, тимска работа, критичко размислување, преговарање, итн. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество и да го зајакне квалитетот на неформалните процеси на учење.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на 90 млади луѓе од руралните и градски средини, од 9 земји, идентификување на нивниот образовен или професионален план и пристап до информации од онлајн сферата во врска со вработувањето
  2. да се развијат 90 млади луѓе од 9 земји, нивните вештините и компетенциите поврзани со воспоставувањето на образовниот или професионалниот план  и барање работа, поддршка при интервју за вработување и изготвување на онлајн документи за истото;
  3. да се поддржи пристапот на младите  до информациите од онлајн средина специфична за насочување и кариерно советување, како и за порталот EURES со националниот и европскиот пазар на труд, за време на проектот и по престанокот на истиот.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Свечено отварање на изложбата ,,Расна дијагноза: Циган”

На 12.04.2023 во просториите на НУ Музеј на Македонија, Скопје се одржа свеченото отварање на изложбата „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање – организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

На изложбата беа присутни претставници од институциите, јавниот сектор, невладини организации, амбасадори, градоначалници и членови на граѓанското општество.

Поздравниот говор го одржа г-дин Елвис Мемети советник на премиерот на Република Северна Македонија. Тој ја поддржа реализацијата на ваква изложба и ја нагласи важноста за поголема информираност во однос на оваа тема.

Потоа свое обраќање имаше и г-ѓа Емина Шемо – Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедницата, во кое што ги поздрави организаторите на оваа изложба и ги охрабри присутните да се бориме за продолжување на сеќавањето на овој трагичен дел од минатото. На изложбата со своето присуство нѐ почести и г-дин Адмир Ујкановиќ – директорот на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците.

Свое излагање имаше и г-дин Емран Елмази – Директор на Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми. Тој ја потенцираше и ја објасни целта на оваа изложба, зошто ние треба да се потсетиме на овој дел од минатото, зошто Ромскиот геноцид е заборавен дел од Холокаустот како и одговорноста што секој од нас ја носи за никогаш да не се повтори.

Директорот на РРОМА, г-дин Мустафа Јакупов во своето обраќање им се заблагодари на сите присутни и ги покани сите заинтересирани да ја посетат изложбата која трае до 28ми април. Тој истакна дека овој концепт на пренесување на историјата за Ромскиот геноцид е новитет на нашите простори со тоа што ова е вториот пат во Северна Македонија, во кој што имаме изложба на оваа тема.

По завршувањето на говорите следуваше тура низ изложбата водена од страна на г-дин Емран Елмази.

РРОМА ги поканува сите заинтересирани да ја посетат изложбата која трае до 28.04.2023 во просториите на НУ Музеј на Македонија. Влезот за изложбата е слободен.

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,PREPARE FOR A JOB, PREPARE TO FULFILL YOUR DREAM!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Prepare for a job, prepare to fulfill your dream!” која што ќе се одржи  од 26.05.2023 мај до 05.06.2023 јуни ( 26ти мај и 05ти јуни се денови за патување) во Бребу, Романија.

Овој проект има за цел да ги подготви младите луѓе да развијат специфични меки вештини и неформални компетенции кои можат да се добијат надвор од формалното образование, како комуникација, одговорност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми, дигитални компетенции, преговарање, разрешување конфликти. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество, да го зајакне квалитетот на неформалните и неформалните процеси на учење.

Цели на проектот:

  1. Олеснување на пристапот до квалификувани работни места за младите во целната група преку зголемување на нивото на личен развој;
  2. Развивање на потребните меки вештини за младите во целната група за полесно да се интегрираат во идната работна група;
  3. Зголемување на самодовербата кај младите во целната група.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 30ти април 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ,,DIKH HE NA BISTER 2023”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, Централниот совет на германските Синти и Роми и ternYpe објавува повик за учесници за учество на Dikh He Na Bister 2023.

Овогодишниот проект опфаќа 4 фази:

  1. Подготовка на националните лидери од секоја земја на средба во Барселона, Шпанија. Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
  2. Подготовка на селектираните учесници за настанот во Краков (Полска). Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
  3. Учество на настанот “Dikh He Na Bister 2023” и комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. Активностите се оддржуваат во Краков (Полска) со посети на музејот “Аушвиц” и присуство на комеморацијата на 2 август во Аушвиц-Биркенау. Настанот се оддржува од 29 јули до 4 август 2023 година;
  4. Настани/работилници организирани од учесниците за понатамошна дисеминација на добиените информации во период од септември до декември 2023 година.

Концепт за 2023

Концептот за 2023 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.

Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.

Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.

Профил на учесници

  • Млади на возраст од 18 до 25 години;
  • Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
  • Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
  • Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
  • Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!

Трошоци

Трошоците поврзани со подготовката, како и за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.

Патување до Полска и назад

За патувањето до Полска и назад ќе биде со организиран превоз.

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување (покриен од страна на учесниците)

Сместување во Полска

Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.

Пријавување

Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество.

За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org

Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА ,,РАСНА ДИЈАГНОЗА: ЦИГАН” НА 20.03.2023 ВО БИТОЛА

Чест ни е да ве поканиме на свеченото отварање на изложбата “Нацистичкиот геноцид над Синтите и Ромите и долгата борба за признавање”, организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

Настанот ќе се одржи на 20ти март 2023 година (понеделник) од 11:30 до 13:00 часот во
Национална Установа Музеј на Македонија (https://muzejbitola.mk/ ) , ул. Климент Охридски 18,
7000 Битола, Република Северна Македонија

Ќе ни биде задоволство да бидете дел од нашиот настан и дадете свој придонес, став и видување по однос на темата, со останатите присутни гости.

Агендата може да ја најдете на следниот линк:
https://drive.google.com/…/1K4-BngJs-

Изложбата ќе биде отворена за бесплатна посета од 20ти март до 8ми април 2023 год.