Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ТРЕНИНГ КУРС ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA A1” ВО БЕРЛИН

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија објавува повик за тренинг курс ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA” кој што ќе се одржи  од 05 до 12 мај 2023 година (вклучувајќи ги и датумите за патување) во Берлин, Германија.

Поради мерките за коронавирусот, младинските работници и младите волонтери беа принудени да работат од дома, исто така, тие сфатија дека треба професионално да научат како да го надминат онлајн дружењето и да користат нови онлајн алатки, како за учење така и за работа. Така, заедно го развивме овој проект кој има за цел да го зголеми капацитетот на партнерските организации на полето на волонтерскиот ангажман со фокус на усогласување на дигиталните компетенции на младинските работници со новите онлајн трендови што ги користат младите волонтери и да ги опреми младинските работници со нови вештини и компетенции.

За да ја постигнеме целта, развивме 3 специфични цели:

  1. Развивање на креативна и иновативна онлајн комуникација и компетенции за соработка, карактеристични за волонтерскиот ангажман, меѓу 32 младински работници од 8 земји, за 12 месеци.
  2. Подобрување на ефективното користење на иновативни социјални медиуми и креативни онлајн алатки за комуникација и соработка со млади волонтери, преку најмалку 1 активност за учење за секоја партнерска организација, за период од 4 месеци.
  3. Поддршка на размена на искуства и добри практики на полето на волонтерскиот ангажман со користење на онлајн комуникација и алатки за соработка, за 32 младински работници и 8 партнерски организации, за период од 12 месеци.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, средношколци, координатори, фасилитатори, тренери за младински активности, општествени работници итн…
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 30 март 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА СРЕДБА СО КОАЛИЦИЈАТА KHETANE ВО СКОПЈЕ

На 25 и 26 фебруари 2023 во Скопје се одржа средба во рамки на коалицијата Khetane во рамки на проекто „Romani Women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ (IPA/2019/162472-1/3) поддржан од ЕУ. На средбата присуствуваа претставници од вклучените организации кои се дел од коалицијата на ромски граѓански организации.

На средбата се дискутираше и се планираа идните активности на коалицијата, планирање на настани, проекти итн.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ ВОНРЕДНОТО СОБРАНИЕ НА НМСМ

РРОМА присуствуваше на вонредното собрание на НМСМ одржано на 03.03.2023 во Скопје.

На оваа собрание беше усвоен нов статут на НМСМ.

Собранието на НМСМ претставува можност за младинските организации заедно, преку конструктивнa дискусиja, да нoсат одлуки кои ќе водат кон подобрување на животот на младите.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Oтворен повик за обука ,,Застапување на млади Роми” 2023 во Брисел

РРОМА во соработка со Центарот за Документација и култура и мрежата Phiren Amenca објавува отворен повик за обука на тема ,,Застапување на млади Роми” која ќе се одржи од 22-28 април 2023г (деновите за патување се вклучени) во Брисел, Белгија.

Ова е вашата шанса да го подигнете гласот на младите Роми за борба против антициганизмот и за унапредување на важни прашања за ромските заедници за време на Ромската недела во ЕУ 2023 година, чиј домаќин е Европскиот парламент и граѓанското општество. Придружете се на 5-дневната обука во Брисел за да дознаете за креирањето на европските политики и застапувањето на граѓанското општество и да го кренете гласот!

Организаторите имаат за цел да ги поттикнат младите Роми да имаат глас да станат клучни агенти на промените и да ја поттикнат солидарноста меѓу младите! Имаме силна визија да направиме промена во Европа. Како млади Роми и не-Роми веруваме дека можеме да изградиме европска култура заснована на почитување, дијалог, човекови права и еднакви можности. Силно ја следиме нашата мисија да создадеме простор за младите луѓе да станат активни граѓани преку зајакнување, мобилизација, самоорганизирање и учество.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Бараме ромски и неромски младински лидери, активисти, мултипликатори и волонтери кои се активни во ромските заедници и/или имаат искуство со работа со ромски заедници и/или ромска младина. Наша цел е балансирана група на искусни учесници и учесници кои никогаш претходно не учествувале на обука. Сите учесници покажуваат силен интерес за застапување и политичко учество.

Учесниците исто така мора:

-да бидат способни и посветени да дејствуваат како млади застапници и мултипликатори во младинската работа на теми за антидискриминација, борба против расизмот и антициганизмот и промоција на човековите права со младите Роми, во корист на ромските заедници и ромската младина;
-да бидат мотивирани да ги развиваат своите компетенции во застапување, работа против дискриминација, образование за човекови права и младинска работа и да ги споделат своите искуства со другите учесници;
-да бидат активно посветени и вклучени во ромска (младинска) иницијатива, група или организација за застапување;
-да имат помеѓу 18 и 35 години;
-да бидат посветени да присуствуваат на целото времетраење на курсот;
-да може да работи на англиски јазик или да провери дали преводот може да се обезбеди преку други учесници или членови на тимот;
-да биде жител во една од следните земји: Белгија, Германија, Северна Македонија, Финска, Шпанија, Романија, Словачка, Унгарија, Србија.

ПАТУВАЊЕ

Учесниците треба да го организираат своето патување (пристигнување и поаѓање) за овие датуми веднаш откако организаторите ќе го потврдат нивното учество. Претходните пристигнувања и задоцнетите поаѓања мора да се разговараат со организаторите.

ТРОШОЦИ

Надомест на патни трошоци:

Организаторите на обуката ги покриваат трошоците за сместување/пансион и други трошоци поврзани со обуката за време на активноста.

Максималниот надоместок на патните трошоци е 250 евра (за француски и германски учесници 150 евра); ако вашите патни трошоци се повисоки од 250 евра, тие треба да бидат покриени од самите учесници или ве молиме контактирајте со организаторите. Надоместокот на патните трошоци ќе се врши на лице место во текот на неделата во готово или со банкарски трансфер по активноста (надоместувањето во готовина е достапен само за учесниците кои живеат надвор од Европската Унија). Учесниците треба да достават оригинални фактури за да ги докажат трошоците за патување, како и билети и карти за качување.

Како да аплицирате? Регистрирајте се во онлајн формуларот за апликација:

https://forms.gle/kihgdzVAy2Djz8ft8

Краен рок за аплицирање: 12 март 2023 година (23:59 CET)

Повеќе информации може да најдете тука.

Categories
Uncategorized Новости

Реализирни завршни настани во рамки на проектите ,,Digitalize – tools for adult Roma to use Internet and promote education” и ,,Loose ends – mapping the roots of youth marginalization”

На 25.02.2023 во просториите на Млади Хаб, Скопје, беа реализирани завршните настани во рамки на проектите ,,Digitalize – tools for adult Roma to use Internet and promote education” и ,,Loose ends – mapping the roots of youth marginalization” од страна на РРОМА.

Настаните беа реализирани во форма на панел дискусии, на кои што панелистите од првиот панел: Г-дин Мухамед Ајваз, г-дин Ерол Адемов и г-дин Ален Умер го започнаа панелот со преставување на истражувањето направено во рамки на проектот, односно анализата на животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење. Потоа во прилог тие ги истакнаа препораките и потенцијалните решенија за овој проблем.

Во втората панел дискусија панелистите односно ментори -дин Дениз Османи, г-дин Ерол Адемов и г-дин Ален Умер, во проектот Дигитализирај се – алатки за возрасни Роми за да користат интернет и промовираат образование, го споделија своето искуство, предизвиците со кои се имаат соочено и за методите кои ги имаат користено како и работата со нивните фокус групи.

Со проектот ,,Digitalize’‘ имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните онлајн услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет. Тие исто така го испрезентираа и интелектуалниот аутпут во форма на прирачник, кој има за цел да им го олесни користењето на Интернетот но и да ги заштити од потенцијалните опасности кои ги носи.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА НАГРАДАТА НА ЕУ ЗА РОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА 2023 ГОДИНА

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2023 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Оваа акција ќе го овозможи петтото издание на Наградата на ЕУ за вклучување на Ромите во Западен Балкан и Турција. Фокусот на наградата за 2023 година ќе биде ромската инклузија во димензијата на дигиталната агенда и зелената економија, кои претставуваат нови можности за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот, во иднина. На динамиката на ромската инклузија влијае напредокот на општеството, вклучувајќи го и и полето на дигиталната агенда и зелената економија.

Наградата ќе помогне да се сврти вниманието кон конкретните напори на различни релевантни играчи Роми и не-Роми – јавни институции, приватни компании и бизниси, работодавачи, наставници, граѓански организации – за подобрување на улогата на Ромите и во спроведувањето и во користа од зелената економија. и дигитална агенда, во областите, но не ограничувајќи се на домување, вработување, иновации итн., и приоритети на дигиталната политика. Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените Ромки ќе бидат важна димензија.

Поточно, наградата е наменета за следните цели :

  1. Понатамошно привлекување внимание на улогата и придонесот на зелената економија и дигитализацијата за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот
  2. Да се промовираат успешни модели на зелена економија и дигитални решенија кои донесоа позитивни промени во ромските заедници.
  3. Да се направи видлива поддршката и работата на Европската Унија за вклучувањето на Ромите во земјите на проширување.
  4. Да се поттикне соработката меѓу актерите вклучени во процесот на инклузија на Ромите
  5. Да се обезбеди препознавање и одржливост на идентификуваните активности спроведени на ниво на грасрут.
  6. Да се идентификуваат и споделат позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни компании, бизнис и граѓански организации и на локално ниво на полето на вклучување на Ромите во однос на зелениот економски развој и дигиталната агенда.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Непрофитното граѓанско општество и поединечните наградени, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на зелената економија и дигитализацијата за вклучување на Ромите. Овие добитници на награди кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда

Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на EC DG NEAR и самиот настан.

Јазикот што се користи и за апликации и за номинации е англискиот.
Придружните документи може да бидат на различни јазици, но англиските верзии ќе бидат пожелни.

Краен рок за поднесување на апликациите и номинациите, заедно со другите релевантни документи, е 15 март 2023 година, 23:59.


Апликациите се поднесуваат преку е-пошта на адреса: Application_EU_Award_2023@raa.al

Доставувањето на номинациите ќе биде преку е-пошта на адресата: Nomination_EU_Award_2023@raa.al.
Насловот на е-поштата мора да го содржи акронимот на номинаторот, иницијалите на номинираниот и земјата на потекло.

Пријавите и номинациите, заедно со придружните документи, може да се испратат и по пошта на адресата:

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.

Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7500 евра прва награда и 4500 втора награда. Сите наградени ќе добијат студиска посета во Брисел, Белгија.
Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на ЕС DG NEAR и самиот настан. Сите наградени ќе имаат меѓународно признание преку церемонијата на доделување на наградата во Брисел и дополнително ќе присуствуваат на активностите што се спроведуваат во исто време на доделувањето. Студиската посета ќе следи по доделувањето на
наградите.

Повеќе информации за аплицирањето може да најдете на следниот линк.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,YOUTH, THE ENVIRONMENT AND CLIMATE CHANGE”.

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Youth , the environment and climate change” која што ќе се одржи  од 09.02.2023 до 20.02.2023 фебруари 2023 година ( 9ти и 20ти се денови за патување) во Бребу, Романија.

Целта на оваа младинска размена е да се забележи влијанието на оваа тема врз младите учесници на ниво на личен развој и меѓусебни односи, како што тие ќе научат директно да комуницираат меѓу себе, да ги споделуваат своите ставови, да ги вразумат и научат другите за заштита на животната средина и за борбата против климатските промени.

Живеејќи заедно во село 10 дена, 40-те млади луѓе ќе ги развијат своите граѓански, социјални и културни вештини, збогатувајќи ги своите знаења за заштитата на животната средина, борбата против климатските промени и волонтирањето, за потребата од активно вклучување во животот во заедницата, промовирајќи го граѓански дух за квалитетна животна средина, со придобивки за здравјето и заедницата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25ти јануари 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ СЕМИНАРОТ ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) во периодот од 9ти до 16ти декември учествуваше и беше дел од реализацијата на семинарот Roma Remembrance and Solidarity во Берлин, организиран од страна на Амаро Дром. На 8 дневниот семинар учествуваа повеќе од 30 млади активисти од Германија, Северна Македонија, Унгарија, Србија, Бугарија, Италија и Романија. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Во текот на 8те денови учесниците имаа можност да научат повеќе за човечките права, за дискриминацијата, за државјанство, што е култура и што значи идентитет за една млада личност. Со детална анализа успејаа да ги откријат елементите на пирамидата на омразата, а потоа и да ги откријат и продискутираат за 10те чекори кои водат до геноцид, како да ги препознаат, и што може да се преземе.

Присутните ја имаа честа да научат повеќе за историјата и геноцидот на Ромите од страна на проф.Христо Ќучуков, кој несебично го сподели неговото знаење со присутните и беше на располагање да одговори на прашањата кои ги имаа.

Во текот на наредните денови учесниците ја имаа можноста да го посетат музејот Topography of Terror, каде што исто така добија многу информации за ромскиот геноцид како и за холокаустот.

Во наредните денови учесницитте на семинарот го посетија споменикот на Ромите и Синтите каде што се одржа мала симболична комеморација, со положување свежо цвеќе, минутен молк а потоа учесниците читаа поезија и проза која што претходно ја имаа подготвено.

Categories
Uncategorized Новости

Одржани финалните настани во рамки на проектот ,,Invisible Power” и ,,The Other School Of Politics”

Во сабота на 10.12.2022 година, на меѓународниот ден на човековите права, се одржаа двата завршни настани во рамките на малите проекти „Другите училишта за политика“ и „Невидлива моќ“, поддржани од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешки фонд за грантови за регионална соработка како дел од стратешкото партнерство во рамките на „Нови решенија за старите проблеми“.
Овие два проекти беа земени како добри практики од страна на партнерите во Турција и Чешка. Настанот се одржа во просториите на кабинетот на претседателот на државата, кој деновиве го користи Националниот младински совет на Македонија.

„The Other School of Politics“ има за цел да ги поттикне младите Роми и не-роми заинтересирани за општествени прашања да станат активни граѓани на политичко и општествено поле и да го зголемат нивното учество во механизмите за одлучување. Според тоа, програмата за обука вклучува различни политички области, имено; активно граѓанство, социјална политика, функционирање на локалните самоуправи, политики кон Ромите и развој на ромското граѓанско општество во Северна Македонија и Европа. Дополнително, тематски прашања како што се дискриминација и социјална инклузија, пол, уметност и програми за активизам, кои го нагласуваат развојот на вештините за учество и лидерство, дополнително вклучувајќи практични модули како што се политичка комуникација, алтернативни модели на активизам и јавно говорење.
На панел дискусија, младите ментори кои беа дел од проектот разговараа за прашања поврзани со тоа кој е најголемиот предизвик во рамките на проектот на кој работеа во нивната општина од каде доаѓаат, со кои предизвици се соочија во текот на работата и дали имаше доволно можности за младите во земјава и каков е нивниот придонес како млади Роми и не-Роми во 21 век, со што се гордеат…

Општата цел на проектот „Невидлива моќ“ е да ги поддржи и едуцира девојките и жените Роми со цел да стекнат доволно самодоверба и да ја подигне свеста за „Невидлива моќ“, да ги постават своите приоритети и да се борат за нивната позиција во Ромите. општеството. семејствата и македонското општество. Фотографиите кои претходно беа направени беа изложени во просториите на НМСМ, заедно со нивните приказни, квалитети и вредности кои ја сочинуваат нивната невидлива сила, изработени во форма на брошури.
Присутните имаа можност да ги слушнат нивните приказни, а самиот настан беше многу емотивен за жените, кои рекоа дека ова е многу значајно за нив, бидејќи иако не го оствариле својот сон, ова било можност за нив барем за еден ден, макар и на слика да се чувствуваат како што сонувале!

Categories
Uncategorized Новости

РРОМА СТАНА ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА YOUTH EXPRESS NETWORK (YEN)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА), на 7ми декември, 2022 на онлајн платформата Зум, присуствуваше на 29то Генерално Собрание на европската мрежа Youth Express Network, на кое што доби зелено светло да стане полноправна членка.

На собранието се разговараше за годишниот план за 2023 како и за предвидениот буџет и проекти кои ќе следуваат. Беше одберен и нов управен одбор како и нов претседател на мрежата од страна на членките.

Youth Express Network е европска мрежа на грас-рут младински организации. Нивната визија е да се дојде до инклузивно општество, каде што младите луѓе, нивните потреби и учество ќе бидат препознаени и ценети.

Организациите-членки на мрежата работат на локално, регионално и/или европско ниво на социјалната вклученост на младите луѓе. Одбор е паневропски и составен од млади луѓе а канцеларијата за координација е со седиште во Стразбур, Франција.

Оваа мрежа работи на охрабрување на младите луѓе со помалку можности да го слушнат својот глас во локалните, регионалните и меѓународните институции, или преку нивно претставување или поддржувајќи ги да создаваат и да бидат дел од младински совети и младински иницијативи.

Од 1993 година, YEN има организирано повеќе од 120 меѓународни активности кои ги здружуваат младинските организации, социјалните/младинските работници и младите луѓе со помалку можности а воедно се и полноправна членка на Европскиот младински форум (YFJ) и на ИНГО конференцијата на Советот на Европа.