Categories
Новости

Loose ends – мапирање на корените на маргинализација кај младите

Проектот „Loose Ends“ е меѓународна соработка на три граѓански организации (Együttható Egyesület, Nevo Parudimos и РРОМА)  кои што се активни во полето на образование, социјална работа и/или застапување на младите. Стратешкото партнерство е финансирано од програмата Еразмус+ на Европската унија.

Како што беше потврдено од неколку студии и извештаи, ромските деца се презастапени во пониските општествени слоеви, се поранливи во однос на предвременото напуштање на училиштето и честопати децата од ромските семејства се наоѓаат во сегрегирани образовни институции. Нашиот проект е продолжение на истражувањето спроведено од Együttható Egyesület и Nevo Parudimos во рамките на проектот LEADNFL за мапирање на моделите на ESL во сегрегирани заедници. И покрај тоа што во повеќето случаи дијагнозата што го оправдува специјалното образование е валидна, не се земаат предвид социо-економските причини кои стојат зад детето со слаб перформанс. Недостаток на внимание или интелектуална попреченост може да бидат резултат на недостаток на пристап до здравствена заштита и ран детски развој, додека недостатокот на социјален капитал и финансиски средства може да резултира со тоа што семејствата немаат пристап до постојните структури за поддршка во подоцнежните фази на развојот (т.е. специфичен развој , младински услуги, услуги на пазарот на трудот, итн.). Недостатокот на пристап резултира со кругот на сиромаштија и маргинализација на уште поголемо ниво, бидејќи поединецот е стигматизиран и поради етничка припадност и поради попреченост.

Целта на нашето истражување во рамките на проектот е да се соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Ние би сакале да го разбереме процесот на специјалното образование, како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.

Проектот ќе трае 24 месеци и ги има следните цели:

  • Утврдување на причините, поврзаните животни патеки и последиците од образованието во такви институции преку условување, анализирање и објавување на 25 темелни интервјуа по земја во која се вклучени засегнатите страни
  • Формулирање препораки за реформа на политиката од експертски панел, врз основа на нашите наоди упатени до националните и европските носители на одлуки, истакнувајќи ја важноста на секундарните структури за поддршка во форма на младински организации и нивните алатки
  • Подигање на свеста за прашањето кај претставници, професионалци и носители на одлуки од секторите на формално образование, младински сервиси, структури за заштита на децата, владина администрација

Конкретни активности на проектот:

  • 4 транснационални средби
  • Анализа на 25 темелни интервјуа од 3 земји, на националните јазици на земјите, резиме на англиски јазик (не директен превод, туку пократка верзија на сите 3 студии)
  • Препораки за политики од експертскиот панел, 1/ земја + 1 на европско ниво
  • 4 Конференции во Унгарија, Северна Македонија и Романија-вклучени повеќе од 250 релевантни засегнати страни
  • Состанок за лобирање во Брисел како завршен настан во кој бидат вклучени претставници на ЕУ
  • Широки активности за дисеминација

Повеќе детали за имплементација на проектот можат да се најдат на официјалната веб-страна: http://egyutthato.eu/loose/#