Categories
Новости

Организациите за правата на Ромите со одговор на плановите за Инклузија на ЕУ

Брисел, 6 декември 2018 година

Денес, коалицијата на повеќе од петнаесет Ромски и антирасистички организации на граѓанското општество од цела Европа побараа од Советот на Европската Унија и владите на европските земји да истакнат јасна посветеност во новите предлози за плановите на вклучување на Ромите по 2020 година, направени од страна на Европската Комисија во својата комуникација со Европскиот Парламент и Советот вчера.

Директорката на мрежата ERGO, г-ѓа Габриела Храбанова, ја поздрави новата комуникација: “Комисијата и Парламентот јасно се позиционираа за продолжување на поддршката во вклучувањето на Ромите по 2020 година. Сега е време националните влади да го сторат истото, да ја зајакнат својата борба против антициганизамот и да ги ажурираат и подобрат своите стратегии во согласност со потребите на заедницата, работејќи заедно со Ромското граѓанско општество “.

Новата комуникација од Комисијата ги истакна клучните елементи за подобрување на Ромската работна рамка на ЕУ, вклучувајќи: потреба за вклучување на Ромите во главните политики, борба против антициганизам, подобрување на учеството на Ромите, адресирање на различноста меѓу Ромите и подобро собирање на податоци, индикатори на цели и известување во стратегиите за интеграција.

“Досега плановите за вклучување на Ромите во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати не успеаја да вклучат мерки за борба против антициганизамот и во голема мера не успеаја значително да ја подобрат ситуацијата на Ромите низ цела Европа”, рече Ѓорѓе Јовановиќ, претседател на Европскиот центар за правата на Ромите. “Рамката на ЕУ на националните стратегии за интеграција на Ромите по 2020 година мора да служи за спротиставување на ефектите од специфичниот структурен расизам кој влијае врз Ромското население низ цела Европа”.

Организациите повикуваат на јасни мерки во европските земји со цел препознавање на сегашниот и историски антициганизам како форма на расизам; мерки и санкционирање на манифестации на антициганизам во јавниот дискурс, јавните служби и институции; да го оспособат граѓанското општество и да обезбедат неопходни правни и институционални механизми и да се спроведуваат кривичните дела на злосторства од омраза и говорот на омраза. Време е европските влади да му дадат приоритет на “зајакнувањето и препознавањето на антициганизамот како корен на исклученоста на Ромите”, како што беше заклучено од високата работна група на ЕУ за борба против расизмот, ксенофобијата и другите форми на нетолеранција во нивниот водич за антициганизам.

Европските институции мора да се осигураат дека следниот буџетски циклус на ЕУ (Повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027), која што во моментов е предмет на преговори, е поврзана со приоритетите на политиката на работната рамка на ЕУ за Ромите, вклучувајќи ја и борбата против антициганизамот. Дополнително, договорите за партнерство со земјите-членки и оперативните програми мора јасно да ги имаат Ромите како инвестициски приоритет. Следниот циклус на финансирање мора да осигура дека средствата се исто така достапни за конкретни мерки за борба против антициганизамот и да овозможуваат ефикасно функционирање на граѓанските организации за барање на отчетност и одговорност на владите и да обезбедат почитување на основните права на граѓаните-Роми низ цела Европа.

За повеќе информации, организирање на интервју, контактирајте со:
Џонатан Ли
Координатор за комуникации
Европски центар за права на Ромите
jonathan.lee@errc.org
+36 30 500 2118

Jamen Gabriela Hrabanova
Извршен директор
ERGO мрежа
g.hrabanova@ergonetwork.org
+32 (0) 2 893 10 49

Џонатан Мек
Советник за политики
Централен совет на германските Синти и Роми
jonathan.mack@sintiundroma.de
+49 (0) 6221 981101

Georgina Siklossy
Постар службеник за комуникации
Европска мрежа против расизам
georgina@enar-eu.org
+32 (0) 2 229 35 70 | +32 (0) 473 490 53

Коалицијата на организации вклучува:
Алијанса против антициганизам
Централен совет на германски Синти и Роми
Европска мрежа против расизам
Европско здружение за јавно здравје
Европска мрежа на Ромски граѓански организации – ЕРГО
Европски центар за правата на Ромите
FAGiC Federación de Asociaciones Gitanas de Cataluña – Шпанија
Фондацијата “Jaw Dikh” – Полска
La Voix de Roms – Франција
Накерамос – Шпанија
Нево Парудимос – Романија
Ромa Актив Албанија – Албанија
Romanipe
REF – Ромски Oбразовен Fонд
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација – РРОМА – Македонија

Белешки за уредниците:

Европската комисија усвои рамка на ЕУ за национални стратегии за интеграција на Ромите во 2011 година. Таа бара од земјите-членки да направат одредби за решавање на нееднаквостите во нивните земји со кои се соочуваат Ромите во образованието, вработувањето, здравството и домувањето.

Антициганизамот е специфичен расизам кон Ромите, Синтите, Патувачите и другите кои се стигматизирани како “Цигани” во очите на јавноста. Терминот често се користи во тесна смисла за укажување на анти-Ромски ставови или на изразувањето на негативни стереотипи во јавната сфера или говор на омраза. Сепак, антициганизамот доведува до многу поширок спектар на дискриминаторски изрази и практики, вклучувајќи и многу имплицитни или скриени манифестации. Повеќе информации се достапни во работниот документ за антициганизам.