Од 17 до 20 август 2022 во Охрид, Северна Македонија се одржа транснационална средба во рамки на проектот,,DIGITALIZE – Tools for Roma adults to use Internet and promote education”. На средбата беа присутни партнер организациите РРОМА – Македонија, EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија, Asociatia, Nevo Parudimos – Романија и Amaro Foro – Германија.
На состанокот се дискутираше за развојот на финалните интелектуални производи, со тоа што од страна на организацијата од Унгарија, EgyüttHató Egyesület, беше одржана презентација на брошурата, односно прирачникот кој ќе биде исполнет со илустрирани прикази, насоки и совети поврзани со онлајн шопинг, онлајн банкарство, онлајн користење на услуги и како да се заштитиме себеси од сајбер насилство како и нашите лични податоци. Акцентот во дискусијата беше ставен на финализирање на проектот односно планирање на завршните активности и продукти со прибирање идеи од сите партнер-организации.
Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.