
Регионалната ромска образовна младинска асоцијација (РРОМА) објавува повик за надворешен тренер за да одржи 4 дневна обука за градење капацитет за партнерските организации вклучени во проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови типови пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, во следните области:
Проектен Менаџмент
- Планирање на проекти
- Извршување на проектот
- Контрола на проектот
Организациски менаџмент:
- Оперативно управување
- Финансиски менаџмент
- Управување со човечките ресурси
- Ромски идентитет/развој на стратегија за ромски организации
Обуката ќе се одржи од 28 август до 01 септеври 2023 год во Хотел Дрим – Струга.
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.
Преку проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови типови на пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку Фондот за грантови на ЕЕА и Норвешка за регионална соработка, RROMA склучува договор со надворешен тренер. Обучувачот ќе спроведе сесии за градење капацитети со нашите партнерски организации. Обуките треба да се изведуваат на англиски јазик.
Се очекува обучувачот да им помогне на граѓанските организации да ги подобрат своите капацитети во областа на комуникациски вштини, (како да се направат видливи резултатите, како да се допре до пошироката публика), Организациско планирање (како да известувате и да ги одржувате роковите), како да се напише проект (како да се реплицираат најдобрите практики).
Од РРОМА експертот ќе добие поддршка и информации за потребите и сесиите за време на средбата. Тој/таа ќе биде консултиран и за олеснување на сесиите со нашите партнери.
Покрај обуките од 28 август до 01 септември , од експертот ќе се очекува да достави целосен извештај за обуката и да ги мапира силните и слабите страни на организациите. Заедно со партнерските организации, експертот ќе развие систем за водење евиденција за нивното подобрување.
Услови:
Тренингот ќе се одржи од 28 август до 01 септември, финален извештај треба да се поднесе до 20 август 2023 година.
Профил на консултант/тренер*
- Одлични вештини за обука
- Одлични вештини за пишување и способност за дизајнирање и испорака на сесии за обука, модули и алатки за ГО
- Соодветно искуство и работа со граѓански организации во областа на управување со проекти, организациски развој и менаџмент, градење капацитети и градење мрежа
- Способност за самостојно работење
- Работен јазик е англискиот
- Консултантот може да биде поединец, институција или организација
Договор и буџет
Обучувачот ќе биде иаплатен со 2000 €, ДДВ вклучен во оваа сума.
Независниот консултант ќе биде поддоговорен од RROMA и нема право да ги контактира директно Грантовите за регионална соработка на ЕЕА и Норвешка. Тој/таа се пријавува во РРОМА.
Сите трошоци (како патување, сместување и храна на обучувачот) поврзани со 4 дневната обука, ќе бидат покриени од страна на РРОМА.
Апликантите треба да достават:
Ажурирано CV
И мотивационо писмо
Апликацискиот пакет треба да се достави до 15 август 2023 година на info@rromassn.org со тема – „NSOP – Градење капацитети на граѓански организации“.
The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation