Categories
Uncategorized Новости

Тренинг курс ,,LIVING TOGETHER-BREAKING HATE” во Шпанија

Во периодот од 1ви до 7ми јули во Леон, Шпанија истовремено со едукативната обука European Community Radio се одржа и тренинг курсот Living together – Breaking Hate. Тренинг курсот е иницијатива од Здружението Auryn во рамки не Еразмус+ програмата.

Младински работници од 8 европски земји (Франција, Италија, Северна Македонија, Шпанија, Турција, Бугарија, Грција, Португалија) имаа можност да дизајнираат образовни стратегии за борба против говорот на омраза, да работат на поттикнување на интеркултурализам, човекови права и социјална инклузија.

Овој курс е наменет да ги зближи организациите и луѓето кои работат со младите во различните земји учеснички и да им помогне да развијат стратегии за меѓусебно разбирање и почитување кон социјалните и културните разлики во Европа. Ова ќе помогне да се подобри квалитетот на работата со младите воопшто и во локален и европски контекст.

За таа цел младите во текот на тренинг курсот земаа учество во различни активности, односно ја изучуваа пирамидата на омразата и со помош на нивните креативни способности и вредности создадоа спротивна пирамида наречена пирамида на љубов и мир. Тие исто така учествуваа и во театар на сенки кој им помогна подобро да ги разберат корените на пирамидата на омразата.

       

Categories
Uncategorized Новости

Едукативна обука EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO во Шпанија

Во периодот од 1ви до 7ми јули во Леон, Шпанија се одржа едукативната обука European Youth Community Radio. На обуката учествуваа 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

Едукативната обука  –  Community Radio: ЕДУКАТИВНА АЛАТКА ЗА УЧЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ИКЛУЗИЈА – е првата мобилност на проектот КА2 „European Youth Community Radio“ поддржан од Еразмус плус.
Овој проект има намера да гарантира учество на младата популација, особено на оние со помалку можности и/или со ризик од социјална исклученост.

Наша цел е да создадеме и промовираме мрежа која им овозможува на младите, со посебен акцент на оние со помалку можности, да искусат размена, соработка, културна и граѓанска акција во европски контекст, а со тоа да ги развијат и зајакнат нивните лични, граѓански и општествени компетенции и да станат активни европски граѓани.

Проектот создаде радио на Европската заедница од кое ќе промовира активно учество на младите и вмрежување меѓу организациите и младите од различни потекла и националности, давајќи им глас и правејќи ги активни учесници во нивната сегашност и иднина.
Цели на проектот:

  • Да се ​​создаде европска мрежа на младински организации за да се олесни лансирањето на радио на младинската заедница како едукативна алатка која поттикнува активно учество и им дава глас на младите, особено младите со помалку можности.
  • Да генерира дебата и размислување за да ја анализира ситуацијата на локалната и европската заедница околу целите на европската младина и околу „Без говор на омраза“ и да размислува за иднината и влијанието на здравствената криза „Ковид19“, обидувајќи се да се залага за поинклузивен, кохезивен и одржлив модел на живот во европското општество.

Во текот на обуката младите учесници имаа можност да научат кои се елементите на еден поткаст и како да ја користат опремата со цел да направат поткаст кога ќе се вратат дома со помош на нивните организации. Секој од учесниците имаше можност да ракува со опремата како и да го модерира поткастот или пак да учествува како гостин.

Европската унија ја прогласи 2022 година за „Европска година на младоста“, а Здружението Auryn од Шпанија спроведе различни активности за да му даде вредност на заедничкиот проект на Европската унија: Европските вредности и акции кои ги зајакнуваат и даваат глас на младите.

На настанот беа поканети преставници од локалните институции и администрација со да ги доближи институциите до младите и гласот на младите до институциите. Меѓу главните заклучоци од состанокот се нагласува потребата да се стремиме кон  зелена, одржлива Европа, која се залага за еднаквост, човекови права и интеркултурализам, која нуди можности за младите и која го соборува бумот на екстремната десница, која ги напаѓа основните вредности на ЕУ.