Categories
Uncategorized Новости

Градоначалникот Пекевски во Брисел ја доби наградата „Најпријателски Ромски Градоначалник“ – 2024

Градоначалникот на општина Берово г-дин Звонко Пекевски беше прогласен за најпријателски Ромски градоначалник од Република Северна Македонија во Брисел на церемонијата која што се оддржа во Европскиот парламент на 09. Април, 2024 година. Тој го доби официјалното признание и наградата од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. На настанот присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на западен Балкан и Турција.

Во рамките на проектот „Зајакнување на ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објави конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“

Изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат!

РРОМА во соработка со коалицијата “Khetane” внимателно го организираше изборот во Република Северна Македонија, која што го прогласи градоначалникот Пекевски со освоени 238 поени, наспроти Битола со 164 поени и Гостивар со 156 поени.

Како градоначалник на Берово Звонко Пекевски се залага за вклучување на граѓаните во процесите на одлучување и управување со општината во делот на буџетирањето и транспарентното и одговорно владеење.  позитивен соживот и вклучување на сите етнички заедници. Секогаш е достапен за граѓаните за решавање на колективните но и лични индивидуални проблеми и потреби, со посветеност при реализација на активности со кои ќе им обезбедат подобри услови за живеење, намлување на социјалните разлики, зголемување на вработеноста преку пример со вработување на граѓани од ромската заедница, како и стимулација и поттикнување на традиционалното занаетчиство кое може да допринесе за поголем развој на туризмот како еден од столбовите за локален развој на Општина Берово.

Брошура од сите добитници – Most Roma Friendly Mayors 2024

2024 Most Roma Friendly Mayor Award – North Macedonia from  EU Neighbourhood & Enlargement on  Vimeo.

Categories
Новости

Градоначалникот Димитриевски во Брисел ја доби наградата „Најпријателски Ромски Градоначалник“

Градоначалникот на Куманово, г-дин Максим Димитриевски, беше прогласен за најпријателски Ромски градоначалник од Република Северна Македонија во Брисел на церемонијата која што се оддржа во Европскиот парламент на 18.05.2022 година. Тој го доби официјалното признание и наградата од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. На настанот присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на западен Балкан и Турција.

Во рамките на проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објави четвртиот конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“.

Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите.

Коалицијата “Khetane” внимателно го организираше изборот во Република Северна Македонија, која што го прогласи градоначалникот Димитриевски за победник со освоени 45 поени, наспроти Берово со 42, Тетово 30 и Крива Паланка со 28.

Како градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски работи на поддршка на ромската заедница со внесување промени во општествениот живот, подобрување на животниот стандард и промовирање на достигнувањата на граѓаните Роми. Неговата цел за градот е позитивен соживот и вклучување на сите етнички заедници во одлучувањето на локално ниво.

Брошура од сите добитници  https://bit.ly/3G3YeI0

2022 Most Roma Friendly Mayor Award – North Macedonia from EU Neighbourhood & Enlargement on Vimeo.

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на семинарот за застапување за млади Роми во Брисел 2019

РРОМА заедно со своите партнери бара учесници од Македонија за семинарот за застапување, кој што се оддржува од 16 до 22 март 2019 година во Брисел.

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржува од 18 до 21 март 2019 година во Европскиот парламент.

Семинарот им овозможува на младите учесници да развијат разбирање за функционирањето на различните структури и работни механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

Профил на учесници:

  • млади Роми и не-Роми, младински лидери, активисти, волонтери
  • на возраст од 18 до 30 години
  • да го користат англискиот како работен јазик

Повеќе информации за профилот на учесници и повикот има на линкот.

Датуми на активноста:

  • Пристигнување: 16 март 2019
  • Активности: 17-21 март 2019
  • Заминување: 22 март 2019

Локација:

  • Семинарот се организира во Брисел. Детални информации ќе следат по селекцијата на учесници.

Патување и трошоци:

  • Учесниците ќе треба да си го организираат патувањето до Брисел по добивањето на потврдата за учество. Организаторите ќе рефундираат патни трошоци во износ до 200 евра. Повеќе информации поврзани со патните трошоци има на линкот даден погоре.

Аплицирање:

  • Учесниците аплицираат со потполнување на апликацијата: https://goo.gl/NK7n8G
  • Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2019, до крајот на денот!

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата.