Во периодот од 20 до 24 Јуни, РРОМА како полноправна членка на НМСМ преку свој претставник учествуваше на шестиот балканскииот младински социјалдемократски камп кој се оддржа во Драч, Албанија на тема „Социјалдемократските Перспективи: Младите социјалдемократи во југоисточна Европа“.
Во рамките на овој камп учество зедоа 60 претставници од подмладоците на социјалдемократските партии, како и претставници од граѓанскиот сектор на Балканот. Организацијата на овој камп беше реализирана од страна на Friedrich Ebert Foundation. На самиот почеток од кампот учесниците ги претставуваа државите од кои доаѓаат при што дискутираа за перспективите на своите земји. Потоа следуваа предавања за социјалдемократијата каде учесниците разменуваа искуства од своите држави поврзани со начинот на имплементација на социјалдемократските вредности во општеството и во политиката.
Една од главните теми за кои се дискутираше беше инволвираноста на младите социјалдемократи во функционирањето на општините во кои живеат. Потоа се разгледуваа програмите кои ЕУ ги нуди за младите со посебен акцент кон РИКО – Регионална канцеларија за младинска соработка. Western Balkans and EU integration process е една од неколкуте теми кои кај учесниците на овој летен камп предизивика голема заинтересираност поради фактот на моменталната политичка ситуација и поставеноста на ЕУ апсирациите на државите од Западен балкан.
Македонија како земја аспирант за влез во НАТО и ЕУ, како и поради последните случувања во делот на грчко – македонските односи беше една од поважните теми за дискусии. Младите едногласни дека Македонија после низа случувања и политички превирања заслужува да се најде во НАТО и ЕУ членството.
Младинската невработеност разви плодна дискусија со што учесниците имаа можност меѓусебно да споделат искуства со што генералниот заклучок беше дека сепак во земјите од Западен балкан преовладува голема невработеност. Покрај активностите предвидени во агендата, младите социјалдемократи од југоисточна Европа во своето слободно време разменуваа искуства од своите ангажмани во своите држави, споделуваа различни размислувања и аргументи со што докажаа дека сепак како млади социјалдемократи, покрај политичките билатерални проблеми на нивните држави истите имаат многу повеќе заеднички работи кои ги сплотуваат.