Categories
Новости

РРОМА одржа онлајн семинар – 75 години сеќавање

Во рамките на проектот ” 75 години сеќавање – Младите Роми и не-Роми се борат против заборавање ”  поддржан од програмата Europe for Citizens, РРОМА го одржа првиот онлајн семинар на темата холокауст, едукација и млади. Семинарот се одржа од 24-26 јуни 2020 година, користејќи ја ZOOM платформата.

Учесници на онлајн средбата беа околу 36 претставници од Романија, Македонија, Германија, Србија, Бугарија, Унгарија, Грција, Италија, Албанија.

Покрај техничките објаснувања и генералните презентации на тимот и проектот, учесниците имаа можност да слушнат за историскиот конструкт за Антициганизам и неговото влијание за време на Втората светска војна, презентирана од страна на Мустафа Јакупов – РРОМА ( Северна Македонија), Ромскиот геноцид – “Што ни кажува историјата?” од страна на д-р Милован Писари ( Србија), г-ѓа Оана Балутеску од програмата Europe for Citizen – Романија. Исто така се даде осврт на работа и едукација со млади на темата поврзана со холокаустот како и ситуацијата со Старо Сајмиште во Србија и Законот за заштита на споменици.

 

 

 

Наредниот онлајн семинар ќе се одржи од 28-29 Јули 2020 година, од страна на партнер организацијата Amaro Foro (Берлин).

За повеќе информации следете не на:

Facebook

Categories
Новости

Состанок во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!” во Брисел

Во периодот од 27.01 до 29.01 во Брисел се оддржа состанок во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

На состанокот учестуваа партнерите од Македонија, Романија, Германија, Унгарија, Србија, Грција, Албанија и Белгија. Се разговараше за крајните продукти од проектот и дисеминација на истите. Учесниците имаа можност да присуствуваат на настанот организиран во Европскиот парламент посветен на Холокаустот, со акцент на Синтите и Ромите како жртви од Втората светска војна.

 

 

 

 

Исто така, дел од партнерите учестуваа на состанокот со комесарката Елена Дали организиран од страна на партнерот ЕРГО, каде што зборуваа за важноста на признавање на геноцидот извршен врз Синтите и Ромите за време на Втората светска војна.

Проектот е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на страницата: https://www.facebook.com/righttoremember/.

Categories
Новости

Нови вештини и знаења за младите од Македонија

Проектот „Јас сум активен граѓанин и волонтер во моето село“ им помогна на младите учесници од Македонија да се здобијат со нови вештини и информации од областа на неформалното образование, вклучувајќи знаења за водење на оксфорд дебата, форум театар, сесии за интеркултурализам, активно граѓанство и волонтерство итн.

На проектот учествуваа 40 учесници од Македонија, Италија, Унгарија и Романија на возраст од 16 до 24 години. Младинската размена беше организирана во младинскиот камп „Марабу“ во Милковени од 24.07 до 03.08.2018 година од страна на партнерот Timis Torontal Intercommunity Development Association.

Здобиените вештини учесниците ќе ги користат за креирање на нови проекти и вклучување во нови активности во рамките на организацијата РРОМА и Еразмус плус програмата.

Categories
Конкурси Новости

Повторен повик за ангажирање на експерт во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Повторен повик – бидејќи немаше пријавени на првиот повик!

Повик 02/18

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ објавува повик за ангажирање на експерт за спроведување обука за работа и употреба на прирачникот за работа на терен со лица без документација.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Во рамките на оваа активност се предвидува одржување на обука на 30 лица кои работат на терен, со цел да ги зголемат своите вештини и знаење за идентификување, процесирање и затворање на случаевите и практично користење на прирачникот.

Од експертот се очекува:

  • Подготовка на методологија за обука
  • Испорака на обука
  • изработка на извештај за спроведената обука
  • помош при дисеминацијата на прирачникот за работа на терен со лица без документација

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 4 работни дена во рамките на оваа активност. Максимумот на понуда по еден работен ден изнесува 80 евра.

РРОМА прифаќа апликации кои што во целост ги следат дадените инструкции на линкот подолу:

Инструкции за аплицирање

Лицата кои што ќе ја поминаат првичната селекција ќе бидат поканети на интервју. Нивниот ангажман ќе започне веднаш по потпишувањето на договорот за извршување на горенаведените задачи.

Краениот рок за аплицирање е 19 ноември 2018 година до 17.00 часот со испраќање на потребната документација на емаил адресата: info@rromassn.org со предмет: Повик 02/18. Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK

Categories
Конкурси Новости

Повик за изработка на студија во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Повик 01/18

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ објавува повик за изработка на студија за проценка  на предложените мерки и закони  кои ги засегаат  лицата без документи, проследена со прирачник за работа на терен со лицата без документација.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Студијата, ќе служи како проценка на влијанието на регулативата во сенка за оценување на позитивните и негативните ефекти на предложените регулативи и ќе треба да го следи целиот процес започнувајќи од предлог-закон, измени, консултации до проценка на влијание на предложената регулатива од различни аспекти (социјален, економски и сл) и преку предлози, мислења, сугестии со ЕНЕР системот.

Експертите кои што ќе бидат ангажирани ќе направат проценка на влијанието на предложена регулатива преку ЕНЕР системот и ќе го следат следниот процес:Во делот на законската регулатива ќе се анализираат и оценуваат негативните последици односно недоречености во позитивната законска регулатива. Самиот процес почнува со регистрирање во ЕНЕР системот при што се овозможува следење и активно учество во процесот на консултација. Специфично ќе се анализираат и проценуваат следните закони: Закон за вонпарнична постапка, Закон за водење на матична евиденција, Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и Законот за бесплатна правна помош. Во рамките на оваа активност се предвидува експертите да изработат анализа и проценка на негативните ефекти и недоречености на постојаната законска регулатива и истовремено да понудат конкретни препораки за менување на законската рамка.

По изработката на студијата, експертите ќе подготват документ на најдобри практики за решавање на случаевите на лицата без документи, кој што ќе служи како прирачник кој што ќе има за цел да придонесе за зголемена информираност на населението и теренските работници како конкретно да се постапи по однос на конкретни случаи.

Заинтересираните лица на повикот за изработка на студија и прирачник ќе треба да достават:

  • Писмо за интерес, наведувајќи го своето искуство во областа
  • Кратко резиме или биографија
  • Понуда за изработка на студија и прирачник за ангажман од 40 работни дена во временски период од 6 месеци

Лицата кои што ќе ја поминаат првичната селекција ќе бидат поканети на интервју. Нивниот ангажман ќе започне во мај 2018 година.

Краен рок за доставување на документите е 27.04.2018 година, 23:59 часот на емаил: info@rromassn.org со предмет: Изработка на студија 2018. Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK