Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “UNLIKE CYBERBULLYING! Think twice before you type” , која што ќе се оддржи од 24 до 30 јуни 2022 година (23 јуни и 01 јули се денови за патување) во Бребу, Романија.
Целта на овој проект е да се вклучиме во борбата против сајбер-насилството кај средношколците преку подигање на свеста за феноменот на онлајн насилство и говорот на омраза.
32 млади учесници од Естонија, Северна Македонија, Романија и Шпанија ќе ја имаат можноста:
- Да ја доразвијат толеранцијата и разбирањето со цел да учествуваат во борбата против дискриминацијата и социјалната исклученост.
- Да го збогатат знаењето за начините на онлајн вознемирување (сајбер-насилство и сајбер-омраза) како и нивниот степен на застапеност.
- Да го прошират знаењето за безбедноста на онлајн средината.
- Да ги развијат знаењата за човековите права и нивната врска со медиумската писменост.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
- Средношколци, младински работници, волонтери
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Задолжителни документи за патување:
- Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
- Патничко осигурување
- Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
- Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10 јуни 2022 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!