Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ОБУКАТА ,,COURAGE TO CHANGE”

Претставници на РРОМА зедоа учество во обуката одржана од 1ви до 9ти јули во Милковени, Романија со наслов ,,Courage to change – 9 steps guide to working with Roma youngsters” .

На обуката предводена од сертифицирани и искусни фасилитатори им беа споделени, на присутните младински работници, методи и добри практики кои се засноваат на водичот од 9 чекори за работење со млади Роми.

Учесниците имаа можност да креираат своја скица за реализирање на свој проект како и да смислат активности за дел од работилниците и подлабоко да го разработат својот проектен план. Вториот дел од овој проект ќе се одржи следната година во Турција, а до тогаш присутните учесници треба да поминат низ неколку од чекорите на водичот и да реализираат свои работилници

Овој проект е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY” која што ќе се одржи  од 31.07.2023 јули до 09.08.2023 јули ( 31ви јули и 9ти август се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Идејата на овој проект започна од дискусиите со младите луѓе во заедницата спроведени од волонтерите на здружението, исто така земајќи ја предвид отвореноста на младите да дознаат повеќе за ова прашање, да учествуваат во ваков проект, одговорно да се вклучат во заедницата за нејзино разубавување и развој. Избраните партнери го делат истиот недостаток на информации и активности во однос на справувањето со прашањата за климатските промени. Името на проектот е внимателено избран, како што сите знаеме ПЧЕЛИТЕ не се само највредните инсекти, туку најсуштинските суштества за одржување на човештвото во живот.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на младите за борба против климатските промени;
  2. да се развијат, за време на размената, вештините и компетенциите што им се потребни на младите за организирање волонтерски активности за борба против климатските промени;
  3. да се зголеми и стимулира интересот на младите да станат амбасадори на практиката и промоцијата на волонтерството со цел борба против климатските промени во заедницата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена “Нова Утопија “ (New Utopia)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “Нова Утопија “ (New Utopia) која што ќе се одржи  од 04.08.2023 август до 11.08.2023 август ( 4ти август и 11ти август се денови за патување) во Кампомагиоре, Базиликата – Италија.

Целта на оваа размена е да се врати духот на ова италијанско гратче, кој е загубен после долгата пандемија. Па затоа на оваа размена ќе се спроведе акција со која ќе се помогне истиот да биде вретен, односно Кампомагиоре да се врати на местото каде што и припаѓа. Кампомагиоре е основан од грофот Рендина, утопиец кој ги наследил овие земји во XVIII век и експериментирал со неговиот егалитарен широк поглед кон светот со создавање на една заедница каде што секој има куќа и работи заедно за општото добро. Исто така на овој проект учесниците ќе се мотивираат да превземат иницијатива и да го поттикнат домашниот туризам.

Цели на проектот:

  1. Надминување на маргинализацијата помеѓу руралните средини и градот.
  2. Целта и задача е да се создадат нови можности на пазарот на трудот, со фокус на територијална промоција.
  3. Обука за ИКТ, дополнителни знаења и споредување вештини.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јули 2023 година, најдоцна до 18:00 часот.

Categories
Uncategorized Новости

Детективи кои носат промени! Спроведени активности во рамки на проектот ,,Roma Youth Bring Change”

Во периодот од мај до јуни 2023 во четири општини на територијата на Северна Македонија: Кратово, Скопје, Прилеп и Берово во соработка со локалните средни и основни училишта се спроведоа четири детективски игри и кампања во форма на информативни сесии на кои беа опфатени повеќе од 160 млади луѓе.

Целта на активностите беа да се одаде значење на историјата и културата на Ромите како и да се подигне свеста за последиците од антициганизамот како форма на расизам. За остварување на оваа цел, 4 млади луѓе кои поминаа обука за креирање и реализирање на детективска игра како и 4 млади луѓе кои беа обучени за кампања, со помош на својата креативност успејаа да ги прошират видиците на дел од луѓето кои изразија желба и љубопитност да бидат дел од нашата активност.

Детективската игра водена од четирите млади фасилитатори имаше за цел да адресира дел од историското потекло на предрасудите и стереотипите спрема Ромите. Целта на детективската игра беше да се најде изгубениот декрет на австриската владетелка Марија Терезијас која за поголема економска ефикасност и социјална контрола во 1758, 1773 и 1783 година објави декрети со цел присилна асимилација на Ромите. Овие декрети им забранија на Ромите да поседуваат коњи и кочии и ги забраниле нивните традиционални занимања како музичари, трговци со коњи и ковачи и нивната номадска природа. Имињата им беа заменувани со нови германски имиња, а употребата на ромскиот јазик резултираше во физички казни. Сепак, најсуровата регулатива предвидуваше децата Роми да бидат одземени од нивните родители и да им се дадат на неромските семејства за да се ,, стекнат со подобро образование’’.

Детективите имаа задача да го најдат ,,случајно’’ изгубениот декрет издаден од Марија Терезијас кој што претходно престојувал во музеј. Тие беа водени од скриени писма, загатки, тајни кутии и мапи на повеќе тајни локации низ опфатените градови, при што мораа да се служат со своите инстинкти но и вештини за решавање загатки, логички задачи, визуелни предизвици, физичка подготвеност и уште многу видови на предизвици. Детективската игра заврши со тоа што младите успешно ги совладаа предвидените предизвици и го пронајдоа изгубениот декрет и на крајот тимски го проучија и им беше објаснета целта на оваа игра како и инспирацијата за истата од вистински историски настан.

Во рамки на истиот проект следуваше кампања во форма на информативни сесии на тема ,, Културата на Ромите и антициганизамот’’ каде што четирите младичи обучени за кампања направија ,,Ѕид на предрасудите’’ чија цел беше љубопитните минувачи да пријдат и цигла по цигла да го срушат, со секоја цигла откривајќи по еден факт за ромската историја, култура и антициганизмот. На минувачите исто така им беа доделени флаери со едукативни натписи за оваа форма на расизам и како може да делуваме да ја спречиме истата. Дел од информативните сесии беа спроведени и во средните и основни општински училишта во опфатените градови каде што присутните/учениците по пат на презентација и интерактивна дискусија дознаа повеќе за оваа тема а исто така на крајот имаа и можност преку квиз да си ги тестираат стекнатите знаења.

Овој проект е во соработка со Autonomia, Detectivity и ERGO Network, а е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши младинската размена „ Prepare for a job, prepare to fulfill your dream! “ во Бребу, Романија

Од 26.05.2023 мај до 05.06.2023 јуни во Бребу, Романија беше одржана младинската размена „Prepare for a job, prepare to fulfill your dream! “ на која учествуваше тимот на македонски учесници.

Овој проект за цел имаше да ги подготви младите луѓе да развијат специфични меки вештини и неформални компетенции кои можат да се добијат надвор од формалното образование, како комуникација, одговорност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми, дигитални компетенции, преговарање, разрешување конфликти. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество, да го зајакне квалитетот на неформалните и неформалните процеси на учење.

Тимот на македонски учесници се здоби со следните вештини и способности:

  1. Личен развој кој влијае врз олеснување на пристапот до квалификувани работни места за младите во целната група;
  2. Развивање на потребните меки вештини за младите во целната група за полесно да се интегрираат во идната работна група;
  3. Зголемување на самодовербата кај младите во целната група.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Новости

Подобрете ги дигиталните вештини со помошните алатки креирани во рамки на проектот ,,DIGITALIZE”

Заврши проектот ,,DIGITALIZE – Tools for Roma adults to use Internet and promote education” во партнерство на организациите РРОМА – Македонија, EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија, Asociatia, Nevo Parudimos – Романија и Amaro Foro – Германија.

Со проектот ,,Digitalize’‘ имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните онлајн услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет. За таа цел, партнер организациите со помош на менторите и фокус групите ангажирани за проектот создадоа веб страна digitalizenow.eu каде што може да се најде прирачник и видеа на секој од нативните јазици на партнер организациите кои имат за цел на корисниците да им го олесни користењето на Интернетот но и да ги заштити од потенцијалните опасности кои ги носи.

Видеата можат да се најдат на следниот Јутјуб канал

Проектот е финансиран и поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши младинската размена „Младите градат можности за подобро утре “ во Зарагоза, Шпанија

Од 01.06.2023 до 10.06.2023 во Зарагоза, Шпанија беше одржана младинската размена „Младите градат можности за подобро утре “(Јóvenes construyendo oportunidades para el mañana) во партнерство на 4 организации од 4 различни држави: Франција, Италија, Шпанија и Северна Македонија.

Проектот беше дизајниран како процес за разбирање на важноста на промените што се случуваат при полнолетството, различните услови во кои секој млад човек ја достигнува оваа точка во својот живот и можностите што ги нуди програмата Еразмус+ на младите, особено на оние со помалку можности.

Тимот на македонски учесници се здоби со следните вештини и способности:

1.            Изаоѓање на решенија за намалување на невработеноста и други проблеми преку анализирање и дискутирање за главните проблеми за негување и намалување на невработеноста кај младите.

2.            Подобрување и развивање на меките вештини (комуникација, лидерство, креативност, критичко размислување, дигитални компетенции итн.)

3.            Зајакнување на младите луѓе да станат примерни работниците.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Конкурси Новости

Повик за тренинг курс “Храброст на промена – Водич на 9 чекори за работа со млади Роми” од 01 до 09 јули 2023, Милковени – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за тренинг курс “Храброст на промена – Водич на 9 чекори за работа со млади Роми”, кој ќе се одржи од 01 до 09 јули во Милковени, Романија.

Целта на проектот е

  • да се зголеми нивото на вклученост и учество на младите Роми во младите
    и неформални активности.
  • Зголемување на знаењето и компетенциите на 33 нови младински работници, социјални работници – кои имаат знаење за ова прашање за социјална перспектива, но не и млади-, и волонтери – кои би сакале да работат со Роми- за работа со млади Роми кои користат неформално образование во текот на 14 месеци од проектот.
  • Да се зајакне ефективната употреба на „Водичот 9 чекори“ во 11 ромски заедници во 11 земји партнери во текот на 14 месеци
  • Зголемување на капацитетот на 11 партнерски организации за работа со млади Роми во текот на 14 месеци
  • Да се споделат искуства и добри практики за учење преку врсничка поддршка за 33 учесници во текот на 14 месеци на проектот.

Што се очекува од вас?

  1. Да ја разбирате темата на проектот, да учествувате на сите сесии, да бидете активни и да ги почитувате останатите да бидат на време и да ги почитуваат правилата за однесување, правилата на местото на одржување и да усвојат недискриминаторско однесување!!! Ќе се разговара за правилата на хостелот Ла Падуре и правилата на однесување уште еднаш кога ќе пристигнете во проектот.
  2. Додека сте во Романија треба да го почитувате законодавството во врска со вашето однесување и правни дејствија, што повеќе ќе биде објаснето при подготовката и при доаѓањето во самиот проект.
  3. Имајте предвид дека ова е проект финансиран од Европската комисија и не вклучува ниту еден
    вид туризам. Милковени е мало село во близина на градот Оравита. Тоа не е туристичко место. Сепак, кампот опкружен со природа нуди непречено чувство на свеж воздух и релаксација. Е место каде што групите можат да се поврзат и да учат заедно, доживувајќи интеркултурно патување.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не Роми од 23 до 40 години
  • Нови младински работници кои само што ги започнаа своите практики, Волонтери кои соработуваат со партнерските организации кои имаат волја и мотивација да се произведе вистинска промена во однос на младинската работа со младите Роми.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 јуни (вторник) , најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,, СВЕСНОСТА ЗА НАШЕТО ОБРАЗОБАНИЕ “(THE AWARENESS OF OUR EDUCATION – ТАОЕ)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена,, СВЕСНОСТА ЗА НАШЕТО ОБРАЗОБАНИЕ “(THE AWARENESS OF OUR EDUCATION – ТАОЕ) која што ќе се одржи  од 07.07.2023 јули до 15.07.2023 јули ( 7ми јули и 15ти јули се денови за патување) во Бриндизи ди Монтања, Италија.

Проектот е дизајниран да ги обучи младите да користат нови дигитални платформи за да конструираат и организираат сопствени образовни програми. Поради различните национални регулативи, сите земји на ЕУ мораа да организираат дигитални активности за време на пандемијата COVID-19 за да се обезбеди вклучување, ангажман и вклученост во образованието на младите. СОВИД-19 го наруши училиштето и образовниот процес. Според УНЕСКО, затворањето на училиштата од основното до високото образование зафати 1,5 милијарди деца и млади – 87% од глобалната студентска популација – од средината на април 2020 година во 195 година земји. Дали образованието ќе се промени? Некои го сметаат непланираната и нагла промената на онлајн учење ќе резултира со лошо корисничко искуство и ќе го попречи раст, додека други предвидуваат нов хибриден модел на образование од кое ќе се појавуваат големи придобивки. „ТАОЕ“бара млади од шест ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ да испробаат иновативни, забавни методи на студирање и други дигитални платформи. На овој проект ќе земат учество 6 држави меѓу кои Италија, Турција, Србија, Германија, Романија и Северна Македонија.

Цели на проектот:

  1. Подигнување на свеста кај група од четириесет и осум млади луѓе за дигиталните образовни алтернативи достапни низ Европа за подобрување на нивното образование.
  2. Зголемување на самодовербата и поттикнување да учествуваат младите во дигитални активности.
  3. Зголемување на знаењето околу дигитализацијата и дигиталниот напредок за време на пандемијата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 27ми јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ОДРЖАНА ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO”

Од 05.05.2023 до 10.05.2023 во Стразбур, Франција беше одржана средбата European Youth Community Radio во партнерство на 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

На средбата секоја од организациите ги презентиравме нашите резултати од поткастите под име IGPS FM радио. Исто така имавме можност да разговараме со претставници од младинскиот оддел од Советот на Европа како и со претставници од EYF (European Youth Foundation), кои нѐ поддржаа во нашата цел и земаа учество во еден од нашите поткасти, на кои што одговорија некои прашања од страна на младите.

Исто така имавме можност да посетиме и видиме дел од Европските институции како Судот за човекови права, Советот на Европа и Парламентариумот.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.