Categories
Конкурси Новости

КОНКУРС за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации

Во рамките на проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ кој што е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С

за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации за зајакнување на улогата на Ромските жени во граѓанското општество

Краен рок за поднесување на апликации:

25 јануари 2023 година, 24:00 часот

Општа цел на повикот е зголемување на знаењето, довербата и учеството на жените Ромки во носењето на јавни одлуки како дополнителна вредност за следење на општествените предизвици со кои се соочуваат при постигнувањето на целти за оддржлив развој, земајќи ги во предвид мерките за закрепнување од влијанието на Ковид-19.

Специфичните цели:

• Да се подигне свеста за активно учество на Ромките преку разбирање на причините за социјалната исклученост, и важноста на учеството на жените Ромки во граѓанското општество.

• Понатамошен придонес кон признавањето на антициганизмот како главна причина за исклучувањето на Ромите.

Подобни активности / области (НЕ ограничени само на оваа листа) се:

• Мониторинг активности: Наоѓање факти (вклучувајќи извештаи од мониторинг), обука на јавноста за пополнување формулари за проценка за анализа на општинските планови за вклучување на Ромите,

• Активности за застапување, конференции и семинари со локалните власти (вклучувајќи ги и наодите од мониторинг извештајот), активности насочени кон зајакнување на учеството на жените Ромки во дијалогот помеѓу Ромската заедница и локалната власт, мобилизирање на заедницата да се застапува и да одговори на прашања од нивен интерес,

• Градење на капацитети за жените Ромки, Ромските активисти и НВО-и од локалното ниво кои се залагаат за вклучување на Ромите.

• Активности кои се однесуваат на економското и социјалното влијание на Ковид 19 (ситуација по КОВИД-19) врз Ромската заедница

Неподобни активности:

• Индивидуални грантови за учество на обуки, конференции, семинари, конгреси или студии итн.

• Проекти кои поддржуваат политички партии или вонсудски активности,

• Изборна кампања,

• Директна поддршка за оперативните трошоци на една организација,

• Покривање на дефицитот и донирање капитал,

• Купување на земјиште, згради и канцеларии,

• Последователно финансирање на проекти кои биле спроведени претходно,

• Проекти кои се спроведуваат надвор од дефинираните региони,

• Активности кои не се поврзани со целта на проектот.

Фонд за финансирање

Вкупниот фонд за финансирање на проекти во рамките на конкурсот изнесува 36.000 евра во денарска противвредност.

Големина на грант

Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти на (про) Ромски граѓански организации: минималниот износ за грант ќе биде 8.000 евра, а максималниот износ ќе биде 10.000 евра. Максималниот износ на одобрени грантови ќе биде 4 (четири).

Победничкиот проект според овој повик ќе добие финансиска поддршка 90% од вкупниот буџет.

Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на СРМ
  • Да се регистрирани како здруженија или фондации според законот за здруженија и фондации
  • Да имаат искуство во приоритетната област за која што аплицираат
  • Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност
  • Неформални групи на Ромски активисти, преку соработка со (про) ромска организација.

Список на потребна документација:

• Решение за регистрација

• Статут

• Тековна состојба не постара од 6 месеци

• CV на организацијата апликант

• CV на организации/неформални групи кои аплицираат кога аплицираат повеќе од една организација/неформални групи

• CV на персоналот кој ќе ја спроведе иницијативата

Одобрените проекти треба да започнат постапка за ослободување од данок за додадена вредност (ДДВ) бидејќи истото не е поддржано од страна на ЕУ финансираниот проект.

* Апликантот може да учествува самостојно или во партнерство со една или повеќе организации/неформални групи.

* Апликантот има право да учествува со само еден предлог-проект.

* Апликантот не смее да биде партнер во друг предлог-проект.

* Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање.

Време на реализација на проектот:

1 март 2023 година – 30 ноември 2023 година

Локација:

РепубликаСеверна Македонија

Проектната активност треба да биде реализирана во регионот каде организацијата е регистрирана и работи.

Следниве категории на трошоци се прифатливи:

Трошоците кои настанале во роковите за реализација на проектот, кои се предвидени во буџетот и се неопходни за реализација на активностите, се проверливи и оправдани со фактурите.

Сите организации кои имаат намера да аплицираат на конкурсот за финансирање треба да го потполнат формуларот за предлог-проект, заедно со буџетот на проектот, и доколку е потребно договорот за партнерство кога станува збор за повеќе партнери.

Видливост:

Овој проект е кофинансиран од Европската комисија. Сите активности кои се целосно или делумно финансирани од овој проект треба да ја соопштат оваа информација.

Евалуација на апликациите

Примените проекти ќе одат во фаза на евалуација врз основа на критериумите наведени во овој повик.

Квалитетот на апликацијата, вклучувајќи го буџетирањето и капацитетот на апликантот, ќе се оценува според табелата за проценка подолу.

Поени:

Табелата со резултати има поделби и под-поделби. Секоја поделба има проценка од 1 до 5 поени, каде што:

1 = Незадоволително; 2 = задоволително; 3 = добро; 4 = многу добро ; 5 = одлично

КритериумиПојаснување на критериумитеМаксимум поени
Релевантноста на предлогот и неговата усогласеност со проектот– Колку е важен проектот поврзан со потребите во областа на дејствување? – Колку е кохерентен проектот со приоритетите на повиците.20
Капацитет и искуство на апликантот/ко-апликантите– Дали персоналот на организацијата има искуство и компетенции поврзани со проектната област? – Дали организациите имаат искуство во спроведување слични проекти? – Дали апликантот го има потребното управување и ресурси за успешно управување со овој проект? – Дали проектот ќе влијае на развојот и зајакнувањето на организацијата и нејзината работа?15
Квалитет на предлог-проектот– Дали целите и резултатите се остварливи во текот на проектот и во рамките на предвидениот буџет; – Дали предлог-проектот има разумен и реален акционен план како и ефективен буџет? – Дали предлогот објаснува како очекуваните резултати ќе придонесат за постигнување на целта претставена во повикот? – Колку е одржлива промената по завршувањето на проектот; има план и објаснување за следните активности. – Дали предлог-проектот е во партнерство со други организации?20
Влијание на предлогот поврзан со темата– Какви подобрувања/промени може да донесе овој предлог со фокус на политиката на локално, регионално и национално ниво; – Како овој проект промовира социо-економско подобрување на жените Ромки и заедницата во областа каде што ќе се интервенира? – Како овој проект придонесува за постигнување промена и подобрување на постоечките напори или услуги/активности.25
Понатамошна активност и соработка (партнери и актери)– Дали апликацијата достави јасен акциски план за видливост? – Како овој проект ќе го промовира учеството и мобилизацијата на жените Ромки? – До кој степен проектот ја зема предвид вклученоста и придонесот на различни актери? – Дали улогата на клучните чинители е јасно дефинирана во проектот?20
Вкупно доделени проектни поени 100

Привремен избор

По евалуацијата ќе се наведат сите проекти оценети по поени и во зависност од расположливите средства. Списокот на нерешени проекти исто така ќе биде изготвен според истите критериуми.

Потпишување на договорот

Пред потпишувањето на договорот, РРОМА има право да преговара со апликантите за да обезбеди:

• Ефикасност на трошоците на проектот

• Добра поделба на оперативните и неоперативните трошоци на проектот

• Да ги одразува реалните пазарни трошоци

• Одраз на трошоците во согласност со предложените активности

Право на жалба

Организациите кои не победиле, но сметаат дека не е направена правична оценка, имаат право на жалба во рок од 5 дена (работни дена) од денот кога ќе бидат известени за неизбор.

Жалбата мора да биде поднесена од самата организација, а не од законски застапник или посредник.

Проверка и подобност на апликантите

Проверка на законитоста, врз основа на придружните документи што ги бара РРОМА, ќе се врши само за апликации кои ќе бидат однапред избрани врз основа на бодовите и во рамките на расположливиот грант.

Апликација:

Формуларот се потполнува на македонски јазик или англиски јазик.

Формуларот за предлог проекти, заедно со буџетот на проектот, и дополнителната документација треба да се испратат на info@rromassn.org со назнака „Мали грантови 2023“. Или да се испорачаат со пликови по пошта на: РРОМА, Ул. Гоце Делчев бр.25, П.фах 32, 1360 Кратово

Краен рок за испраќање на апликацијата е 15-ти јануари 2023 година, 24.00 часот! Апликациите испратени по предвидениот рок нема да се земат во предвид!

Листа за проверка:

Критериуми за приемДа  Не  
1. Искористен е точниот формат за апликацијата.  
2. Проектот е печатен и не е рачно напишан, на англиски или македонски јазик.  
3. Доколку апликацијата е групна, секој ко-апликант го потпишал договорот за соработка и истиот се приложува кон предлог-проектот.  
4. Буџетот е претставен во бараниот формат  
5. Потребен буџет во дефинирани граници (8.000-10.000 евра)  
6. Времетраењето на проектот е од 1 март 2023 година до 30 ноември 2023 година  
7. Решение за регистрација  
8. Статут  
9. Тековна состојба не постара од 6 месеци  
10. Доставено е CV на организацијата апликант  
11. Доставена е биографија на организации/неформални групи кои аплицирале  
12. Проектот се однесува на опсегот и темите во фокус.  
  Проектот е прифатен / ги исполнува критериумите  

За повеќе информации може да се симнат документите:

АНЕКСИ:

  • Анекс I: Формулар за апликација
  • Анекс II: Формулар за буџет
  • Анекс IV: Формулар на договор за соработка помеѓу водечкиот партнер и ко-апликантот

За прашања поврзани со конкурсот испратете е-маил на: info@rromassn.org.

Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија

Categories
Uncategorized Новости

Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет – Пакет со алатки за работа со млади луѓе

Со приближно 12 милиони луѓе кои со векови живеат во Европа, Ромите го сочинуваат најголемото етничко малцинство на континентот. Во исто време, тие се најмалку посакуваното и најмногу дискриминирано малцинство, при што секое трето лице не сака да има сосед Ром, а 80 % од Ромите живеат во ризик од сиромаштија.

Антициганизам – специфична форма на расизам против луѓето кои се перцепирани како
„Цигани“ во колективната свест, ја претставува сржта на социјалната исклученост и
дискриминација на Ромите.


PECAO (Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет) се бори против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет преку работа со млади луѓе, користејќи комбинација на врсничка едукација и мониторинг за да се добијат двојни резултати: методологијата за врсничка едукација ќе постигне директна промена во ставовите и дејствијата на голем број млади луѓе, а мониторингот ќе придонесе за подобро разбирање и подлабока системска промена на политиките преку залагање врз основа на резултатите.

Пакетот со алатки може да го пронајдете на следниот линк:


Со користење на пакетот со алатки создаден од конзорциумот и преведен на достапните јазици на партнерите, споделуваме некои од методологиите за да помогнеме во разбирањето на феноменот поврзан со говорот на омраза на интернет и неговото влијание врз Ромите, како и важноста да се следи и да се пријави таквиот говор на интернет.

Понатаму, оние кои се заинтересирани за темата можат да се вклучат во залагањето и да придонесат за подобри политики против дискриминација преку адресирање на антициганизмот како мотивација поради предрасуди, како и подигнување на свеста кај различните засегнати страни за говорот на омраза кон антициганизмот во интернет-медиумите.

Проектниот конзорциум на PECAO се состои од следниве партнери и финансиери: Финансирани од Програмата за права, еднаквост и граѓанство на Европската унија (2014-2020) со кофинансирање од Google.org: Integro Association (Бугарија), Nevo Parudimos (Романија) ,Federation of Catalan Roma Associations (FAGIC), Шпанија, Romaversitas (Унгарија), Romanonet (Чешка Република), ERGO Network (Белгија)

Финансирани од „Google.Org Impact Challenge on Safety“ во рамките на проектот на ЕРГО мрежата – Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет: La Voix des Rroms (Франција), Upre Roma (Италија), Roma Women Fund Chiricli (Украина), RROMA (Северна Македонија), Roma Active Albania (Албанија).

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ ЛЕТНАТА АКАДЕМИЈА ”ROMA YOUTH KICK OFF THE DECADE TO COUNTER ANITYPSYISМ” ВО БРАТИСЛАВА

Во периодот од 24 до 27 август, ERGO Network, Romedia Foundation и партнерите RAVS,  Integro Association, Nevo Parudimos, Otaharin – Center for Integrative Inclusion of Roma Men and Women, Roma Active Albania, RomanoNet, Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација – RROMA организираа летна академија во Братислава, Словачка за младите да ја започнат европската иницијатива наречена ,,Декада за борба против антициганизмот”.

 

На сесиите имавме можност активно да дискутираме и да размениме мислења, искуства и идеи поврзани со антициганизмот како и да придонесеме со помош на креативни алатки како што е креирање на локална кампања која што ќе придонесе кон борбата против антициганизмот. Низ низа интерактивни методи младите успејаа да ги пренесат своите сфаќања и искуства со овој феномен а исто така се обидовме да дојдеме до практични решенија за тоа како поефективно да се работи на искоренување на стереотипите и дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.

   

Ерго летната академија е поддржана од Европската комисија и Меѓународниот Вишеградски фонд.

 

Categories
Новости

Одржана конференција “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот”

На 16,02,2022 (среда) во хотел Континетал, Скопје, се одржа конференцијата, “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот” организиран од страна Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” кој е поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety.

На конференција свое воведно обраќање имаше  г-динот Mхамед Точи, државен секретар, министерство за правда.

Конферницијата беше одржана во две панел дискусии.

Првата панел дискусија беше наменета за Презентација на извештајот за говор на омраза и модерирана од страна на г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико и панелисти/говорници на панел дискусијата беа: г-дин Дениз Селмани – Автор на годишниот извештај, Мухамед Ајваз – Автор на кварталните извештаи, г-ѓа Марија Андреева – Совет на Европа и г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа – народен правобранител.

               

Втората панел дискусија се одвиваваше на тема Антициганизмот во Република Северна Македонија, дискусијата ја водеа панелисти/говорници г-дин Елвис Мемети – советник за инклузија на Роми, г-дин Мустафа Јакупов – Извршен директор на РРОМА, г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико, г-дин Исмаил Камбери – комисија за заштита од дискриманција, дискусијата ја  модерираше г-дин Суад Скендери – Ромалитико.

          

На конференцијата се презентираше извештајот за говор на омраза проследен со дискусија на темата антициганизам во Република Северна Македонија. Според извештајот, во кој се анализирани 118 случаеви на говор на омраза кон ромската
заедница значително се има зголемено во текот на Ковид19 пандемијата. Говорот на омраза во интернет сферата е присутен најчесто на социјалната мрежа Facebook, како најчесто користена мрежа. Негативните коментари, навреди и како и поттикнувањето на говор на омраза се присутни и на постови кои одразуваат негативна содржина кон ромската заедница, меѓутоа и на постови кои прикажуваат позитивна содржина.

                    

На Конференцијата се упати апел за регулирање на слабата правна рамка за говор на омраза за која говори и фактот што во нашата држава е донесена само една правосилна одлука за говор на омраза. Исто така, се упати порака дека потребно е институциите да се запознаат со терминот и концептот антициганизам кој претставува специфична форма на
расизам врз Ромите и за прв пат како термин е официјално прифатен и од страна на РСМ во новата Стратегија за Роми во која се предвидени активности преку кои ќе може се работи искоренување на антициганизмот.

Пристапите кон извештајот на македонски јазик тука

Пристапете кон извештајот на англиски јазик тука

Categories
Новости

Online meetings of Macedonian team, held between the mentor, the coordinator and the peer educators from PEACO prject

RROMA within the project of the ERGO network “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” (PECAO)  Supported by Google.Org Impact Challenge on Safety After the selection of peer educators from Macedonia, every two weeks the mentor and the coordinator hold online meetings with their 5 peer educators.

                 

The online meetings discuss the educational workshops as well as the monitoring ones conducted and maintained by 5 peer educators in Macedonia.

                       

It also discusses the emotional state and problems faced by peer educators as well as their target groups during monitoring and educational meetings. Peer educators from Macedonia actively hold their educational meetings and regularly follow the media as well as social networks for sharing and announcements related to the topic of hate speech.

                

This year our last meeting was on 22.12.2020, we will continue with the same pace next year.

 

Categories
Новости

Одржан онлајн панел дискусија (кафе муабет на зоом) на тема: „Предизвикот на жените Ромки за време на пандемијата“

 

РРОМА заедно со коалицијата Khetane, на ден 21.12.2020 година (понеделник), со почеток од 17.00 часот, беше одржана онлајн панел дискусија (Кафе муабет)  на zoom платформата, во рамки на проектот: Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција, организираше панел дискусија на тема „Кои се предизвиците на жените Ромки за време на пандемијата“.

 

                                            

Настанот се организираше во рамките на проектот „Romani women – Power of change in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија. РРОМА го имплементира проектот во Република Северна Македонија како партнер на Рома Актив Албанија.

Коалицијата „Khetane“ покани говорнички со различни профили и професионално искуство кои што низ муабет  дадеа одговор на предизвиците со кои што се соочуваат. Гостинки на настанот беа: Салија Бекир;  Санела Емин; Елма Демировска; Амиде Шаќири; Ајсел Мемет. Настанот беше модериран од Фатма Бајрам Аземовска,и одеше во живо на Facebook  страната на коалицијата Khetane.

                             

Настанот “Предизвиците на жените Ромки за време на пандемија“  се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста  имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа и како тие функционираат во време на Пандемија.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени.

Categories
Новости

Одржана дигитална конференција “Адресирање на говорот на омраза на Ромската заедница во онлајн сферата на општествено живеење”

 

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација на 10 декември 2020, денот на човековите права, организираше Дигитална конференција на тема Адресирање на говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата на општественото живеење.

                                                   

На дигиталната конференција свое воведно обраќање имаше г-динот Аркин Јахији, шеф на Кабинетот на Заменик Министерот за правда.

Конференцијата беше организирана во два панели.

На првиот панел говорници беа г-ѓа Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, г-ца Марија Андреева од Советот на Европа, г-ѓа Марина Тунева од Советот на етика во медиумите и г-дин Мустафа Јакупов извршен директор на РРОМА модериран од Урмета Арифовска (РРОМА).

                                    

 

На вториот панел говорници беа г-а Марија Сулејманова од Институтот Ромалитико, г-дин Срѓан Амет од Здружението на правници Роми, г-а Ирена Здравковска од Здружението Млади правници и г-а Славица Атанасовска од Хелшинскиот Комитет, модериран од Мухамед Ајваз (Ромалитико).

                                                  

На дигиталната конференција се дискутираше за говорот на омраза од различни аспекти и како истиот е адресиран и треба да биде адресиран од различни засегнати страни. Дискусијата на темата говорот на омраза се разви во дискусија за генералната поставеност на заштитата од говор на омраза пришто таквата дискусија даде насока за специфично дискутирање на говорот на омраза кон ромската заедница.

                                        

Заклучоците од дискусијата наведоа на тоа дека институциите треба да обрнат поголемо внимание на говорот на омраза на интернет и истите тие треба да остварат поголема соработка со невладиниот сектор за развивање на соодветни политики и одредби кои ќе обезбедат подобра заштита од говорот на омраза.

Дигиталната конференција беше стримувана на социјалната мрежа facebook:

https://www.facebook.com/rromassn.org/videos/387320299168322