Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена European History and Remembrance – Remembering the Roma Genocide during WWII!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници за младинската размена European History and Remembrance – Remembering the Roma Genocide during WWII! која што се оддржува од 23 до 30 ноември 2019 година во Берлин, Германија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската Унија.

 

Оваа интернационална младинска размена има за цел да ја подигне свеста и познавањето на младите учесници од 6 европски земји (Германија, Македонија, Романија, Литванија, Бугарија и Србија) за ужасите на Втората светска војна, како и Ромскиот геноцид, односно влијанието врз младата популација на Европа и Балканот.

36 учесници на младинската размена ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење во областа на борбата против антициганизамот и сеќавање на Ромскиот геноцид преку работа во група и посета на спомениците на жртвите од Втората светска војна.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 02 октомври 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Categories
Новости

Заврши младинската размена “Know your identity through art”

РРОМА учествуваше на младинската размена “Know your identity through art”, која што се одржа од 25 до 31 јули 2019 во Решица, Романија.

Учесниците на младинската размена истражуваа за својата култура и идентитет, научија за концептите на зајакнување и активно граѓанство, истовремено учејќи за Ромската култура и наученото го презентираа преку уметност.

Уметноста може да биде алатка за зајакнување и пренесување на пораките за толеранција и почит, но и прифаќањето на различностите. Тоа го докажаа учесниците од Македонија, Естонија, Романија, Германија и Чешка работејќи и живеејќи заедно во Решица, каде што се стекнаа со нови вештини и техники со кои што истовремено научија повеќе за различните култури и идентитети низ Европа, вклучувајќи ја Ромската заедница.

    

Младинската размена беше поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.