Во периодот од 1ви до 7ми јули во Леон, Шпанија се одржа едукативната обука European Youth Community Radio. На обуката учествуваа 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.
Едукативната обука – Community Radio: ЕДУКАТИВНА АЛАТКА ЗА УЧЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ИКЛУЗИЈА – е првата мобилност на проектот КА2 „European Youth Community Radio“ поддржан од Еразмус плус.
Овој проект има намера да гарантира учество на младата популација, особено на оние со помалку можности и/или со ризик од социјална исклученост.
Наша цел е да создадеме и промовираме мрежа која им овозможува на младите, со посебен акцент на оние со помалку можности, да искусат размена, соработка, културна и граѓанска акција во европски контекст, а со тоа да ги развијат и зајакнат нивните лични, граѓански и општествени компетенции и да станат активни европски граѓани.
Проектот создаде радио на Европската заедница од кое ќе промовира активно учество на младите и вмрежување меѓу организациите и младите од различни потекла и националности, давајќи им глас и правејќи ги активни учесници во нивната сегашност и иднина.
Цели на проектот:
- Да се создаде европска мрежа на младински организации за да се олесни лансирањето на радио на младинската заедница како едукативна алатка која поттикнува активно учество и им дава глас на младите, особено младите со помалку можности.
- Да генерира дебата и размислување за да ја анализира ситуацијата на локалната и европската заедница околу целите на европската младина и околу „Без говор на омраза“ и да размислува за иднината и влијанието на здравствената криза „Ковид19“, обидувајќи се да се залага за поинклузивен, кохезивен и одржлив модел на живот во европското општество.
Во текот на обуката младите учесници имаа можност да научат кои се елементите на еден поткаст и како да ја користат опремата со цел да направат поткаст кога ќе се вратат дома со помош на нивните организации. Секој од учесниците имаше можност да ракува со опремата како и да го модерира поткастот или пак да учествува како гостин.
Европската унија ја прогласи 2022 година за „Европска година на младоста“, а Здружението Auryn од Шпанија спроведе различни активности за да му даде вредност на заедничкиот проект на Европската унија: Европските вредности и акции кои ги зајакнуваат и даваат глас на младите.
На настанот беа поканети преставници од локалните институции и администрација со да ги доближи институциите до младите и гласот на младите до институциите. Меѓу главните заклучоци од состанокот се нагласува потребата да се стремиме кон зелена, одржлива Европа, која се залага за еднаквост, човекови права и интеркултурализам, која нуди можности за младите и која го соборува бумот на екстремната десница, која ги напаѓа основните вредности на ЕУ.