Categories
Конкурси Новости

Можност за EVS во Унгарија

Партнер-организацијата Co-Efficient (Együttható Egyesület) од Будимпешта (Унгарија) бара волонтери за проектот “Piece of my heart”. Селектираните волонтери ќе започнат со волонтирањето од август 2019 година. Фазата на волонтирање ќе се спроведува од август 2019 до јули 2020 година. Волонтерите во текот на нивната волонтерска служба во Унгарија ќе и помогнат на организацијата со активности и младинска работа во младинскиот центар кој што се наоѓа во градот Ѓонѓош на 80 км од Будимпешта.

Што е Ѓонѓош?

Ѓонѓош е град во северо-источниот дел на Унгарија, поточно 80 км од Будимпешта. Вкупната популација во градот е 30.000 жители. Младинскиот центар се наоѓа во центарот на градот, каде што организацијата организира активности со младите луѓе по завршувањето на нивната настава. Прочитајте повеќе за целиот проект во пакетот со информации.

Целите на проектот се:

  • развивање на социјалните, комуникациските и јазичните вештини на младите кои што доаѓаат во центарот, како и на волонтерите;
  • креирање на разнолика програмата за младите од страна на млади;
  • подигнување на учеството во активностите кои што се организираат после школо;
  • подобрување на социјалната одговорност на волонтерите и чувството на солидарност преку вклучувањето во младинска работа и активности со млади кои што доаѓаат од маргинализирани заедници.

Волонтерите ќе имаат можност да ги развијат своите вештини во областите на образование и младинска работа, важни на пазарот на трудот:

  • Дипломатија и конфликт-менаџмент – работата со млади и деца најчесто ги развива вештините за решавање на конфликт
  • Организациски вештини – волонтерите ќе имаат можност да водат и организираат свои лични проекти со младите или локалната заедница
  • Адаптабилност и интеркултурно знаење – волонтерите ќе имаат можност да соработуваат со професионалци и вработени на центарот, и ќе научат да се адаптираат на различните култури и комуникациски вештини.

Задачи и активности на волонтерите:

  • Обука при пристигнување и пред започнување на волонтерството;
  • Обуки со други волонтери во Унгарија организирани од страна на националната Е+ агенција на Унгарија;
  • Неделни активности со други организации од Ѓонѓош;
  • Туторство на деца;
  • Организирање на интеркултурни настани во Ѓонѓош;
  • Организирање на личен проект/работилници од страна на волонтерите кои што се базираат на нивниот личен интерес потпомогнати од страна на ментор кој што е искусен во областа на не-формалното образование;
  • Учење на унгарски јазик;
  • Неделни евалуациони сесии и пишување на електронски дневник за развој;
  • менторство за поддршка на волонтерите*

* Останатите информации за тоа како изгледа работата со децата после школо и распоредот на волонтерите, можат да се најдат во пакетот со информации.

Се нуди:

  • Месечен додаток за храна;
  • Сместување: Волонтерите ќе бидат сместени во изнајмена куќа, која што е опремена и декорирана, сите трошоци вклучувајќи го и интернетот се покриени;
  • Патувањето до Унгарија и назад е покриено од страна на Еразмус плус и правилата на програмата (180 еур по лице за повратен билет);
  • Џепарлак;
  • Здравствено осигурување (Cigna Health);
  • Јазичен курс по унгарски јазик;
  • Менторство во текот на целиот период на проектот;
  • YouthPass сертификат.

Повеќе информации може да најдете на следниот инфо пакет.

Профил на учесниците:

  • На возраст помеѓу 18 и 30 години;
  • Ентузијасти со желба да научат повеќе за инклузија, младинска работа и волонтерство;
  • Имаат минимално знаење за не-формалното образование;
  • Имаат минимум знаење на англиски јазик;
  • Можност да работат во тим.

Како да аплицирате?

Ако сте заинтересирани, ќе ве замолиме да пишете на организацијата на: evs@egyutthato.eu или да се јавите на +36-1-797-2659.

Контакт:

Ако ви требаат повеќе информации за организацијата можете да ги посетите на:

  • https://www.facebook.com/EgyuttHato/
  • http://www.instagram.com/egyutthato/
  • http://www.egyutthato.eu/

Или да пишете на РРОМА на: info@rromassn.org

Ви благодариме на вашиот интерес!

Categories
Конкурси Новости

ЕВС можност во рамките на проектот “Волонтерство и образование за граѓанско учество”

Можност за волонтирање во Романија!!!

    

Бараме волонтер од Македонија, кој што заедно со 4 волонтери од Португалија, Финска, Бугарија и Шпанија ќе учествува во проектот „Волонтерство и Eдукација за Граѓанско Учество“. Фазата на волонтирање ќе се спроведува од 01.03.2019 до 29.02.2020 година. Волонтерите во текот на нивната 12-месечна волонтерска фаза во Решица ќе му помогнат на здружението Nevo Parudimos со младинска работа во локалната заедница.

Главните активности се:

  • Неделни активности во 3 училишта во обесправените заедници од Решица, користејќи методи на неформално образование;
  • Неделна активност со локален форум-театар, танц, музика;
  • Месечни активности за промовирање на ЕВС и волонтерство, како и регрутирање на нови волонтери;
  • Неделна активност за промовирање на јазиците, т.н. Јазично кафе;
  • Вклучување во работната канцеларија на организацијата (2 дена / неделно) он-лајн промоција на проекти, теренска работа за истражување;
  • Менторство;
  • Англиски јазик со нашите локални волонтери;
  • Проекти на волонтерите кои ќе го промовираат граѓанското учество, волонтерството и толеранцијата во Решица еднаш на секои 3 месеци.

Што нудиме?

  • Додаток за храна од 120 € месечно;
  • Сместување: Волонтерите ќе бидат сместени во изнајмен стан, двокреветни соби. Станот е опремен и декориран;
  • Надоместок за патување за меѓународен транспорт и локален превоз;
  • Џепарлак од 60 € месечно;
  • Здравствено осигурување (Cigna Health);
  • Телефон и кредит за телефонот;
  • Јазичен курс по романски јазик;
  • Менторство во текот на целиот период на проектот;
  • YouthPass сертификат.

Повеќе информации може да најдете на следниот инфо пакет.

Профил на учесниците:

  • На возраст помеѓу 18 и 30 години
  • Ентузијасти со желба да научат повеќе за инклузија, граѓанско учество и волонтерство.
  • Имаат минимално знаење за неформалното образование.
  • Имаат минимум знаење на англиски јазик.
  • Можност да работат во тим.

Како да аплицирате?

Ако сте заинтересирани да бидете волонтер, ќе ве замолиме да го пополнете формуларот за аплицирање.

Контакт:

Ако ви требаат повеќе информации, можете да ја контактирате организацијата во Романија на:

  • Nevo Parudimos: е-пошта: nevo.mobilities@gmail.com; телефон: +40738845447 (Лила Хорват, Меѓународен координатор на проектот)

Или да не контактирате на:

  • РРОМА: е-пошта: urmeta@rromassn.org; телефон: +38978343900 – Урмета Арифовска (програм координатор на РРОМА)

Останати партнери:

Categories
Конкурси Новости

Повик за EVS волонтери во Солун, Грција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за 2 волонтери за проектот “ROMA BOTS” 2018-1-EL02-KA125-00410, односно за европски волонтерски сервис во Солун, Грција.

Волонтерите ќе започнат со нивниот сервис од октомври 2018 година. Проектот има 2 акции и секоја од нив трае 10 месеци.

Трошоците поврзани со реализацијата на проектот се покриени од страна на организаторите и Еразмус плус програмата.

Акција 1

Акција 1 има врска со образовната роботика како иновативна и алтернативна алатка за едукација на млади луѓе. Преку оваа акција сакаме да ги запознаеме младите луѓе со образовната роботика и нејзината употреба. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. Организација-домаќин на оваа акција е  “eduACT” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Акција 2

Акција 2 има врска со поддршката на младите Роми преку креативни активности како музика, спорт, часови по јазици, работилници и други. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. За оваа акција, организација-домаќин е “Lighthouse of the World” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Бараме волонтери/ки …

  • од 18 до 30 години
  • Роми и не-Роми
  • да имаат валиден пасош со најмалку 12 месеци на важност по завршувањето на нивниот сервис
  • да имаат искуство во една од горенаведените акции
  • да зборуваат англиски јазик

Можете да се пријавите на повикот, потполнувајќи ја првичната апликација на линкот до 27 август, најдоцна до 18:00 часот! Учесниците кои што ќе влезат во потесниот избор за волонтер ќе бидат поканети на интервју од страна на РРОМА.

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!