Во периодот од 24 до 27 август, ERGO Network, Romedia Foundation и партнерите RAVS, Integro Association, Nevo Parudimos, Otaharin – Center for Integrative Inclusion of Roma Men and Women, Roma Active Albania, RomanoNet, Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација – RROMA организираа летна академија во Братислава, Словачка за младите да ја започнат европската иницијатива наречена ,,Декада за борба против антициганизмот”.
На сесиите имавме можност активно да дискутираме и да размениме мислења, искуства и идеи поврзани со антициганизмот како и да придонесеме со помош на креативни алатки како што е креирање на локална кампања која што ќе придонесе кон борбата против антициганизмот. Низ низа интерактивни методи младите успејаа да ги пренесат своите сфаќања и искуства со овој феномен а исто така се обидовме да дојдеме до практични решенија за тоа како поефективно да се работи на искоренување на стереотипите и дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.
Ерго летната академија е поддржана од Европската комисија и Меѓународниот Вишеградски фонд.