Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на младинска размена во рамките на проектот „Европско сеќавање и солидарност – нашето право на сеќавање“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници за младинската размена која што се организира во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија. Младинската размена се оддржува од 31.08 до 05.09 во Кратово (Хотел Кратис).

Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење во областа на борбата против антициганизамот и сеќавање на Ромскиот геноцид преку работа со едукативни материјали од документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, како и посета на Меморијалниот центар на Евреите посветен на жртвите од Втората светска војна.

Младинската размена е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

 

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30години (можни се исклучоци)
  • средношколци/ки, младински работници/чки, волонтери/ки, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 28 август 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Categories
Новости

Подготвителна средба во рамките на проектот „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“

Од 3 до 5 ноември 2018 година до хотел Кратис – Кратово, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација го организираше подготвителниот состанок во рамките на новиот проект „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“ поддржан од Europe for Citizens програмата на Европската Унија.

Овој проект има за цел да го подигне знаењето и свеста за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна концентрирајќи се на настаните што се случиле на Балканот, на територијата на Унгарија и Транснистрија пред, за време и по Втората светска војна, со цел да се зачува сеќавањето на Ромите – жртви на нацистите.

Фундаменталните европски вредности се изградени врз историското искуство на сеќавање и солидарност и за тоа треба да зборуваме за заборавениот Ромски геноцид, за над 500.000 жртви и продолжувањето на социјалната исклученост, антициганизам и говорот на омраза како последица на незнаењето и недостатокот на информации и признавање на Ромскиот геноцид.

Овој проект гради капацитети на едукатори, граѓани и граѓански организации за да водат едукативни и граѓански иницијативи за сеќавање и едукација на локално, национално и европско ниво. Исто така, ги открива слабо истражуваните области на Холокаустот над Ромите на пошироката јавност, стимулира дебати за нашата култура на сеќавање за и со Ромските заедница, со фокус на улогата на младите луѓе сега и во иднина за зачувување на нашето европско сеќавање.