Categories
Новости

Се одржа онлајн состанок во рамки на проектот ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote” education

Денес, партнер организациите РРОМА – Македонија, EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија, Asociatia Nevo Parudimos – Романија и Amaro Foro – Германија одржаа онлајн состанок на зоом платформата во рамките на проектот ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote education”.

На овој состанок се разговараше за идните активности и средби кои треба да се реализираат во рамките на проектот како и за планот за десиминација и методите што ќе се користат. На средбата се финализираа и подготовките за средбата со менторите која ќе се одржи во Бребу, Романија.

                          

Categories
Конкурси Новости

Повик за ментори во рамките на проектот „DIGITALIZE – tools for Roma adults to use internet and promote education”

РРОМА објавува повик за Ментори во рамките на проектот „DIGITALIZE – tools for Roma adults to use internet and promote education”, координиран од партнер организацијата Amaro Foro – Германија, во партнерство со партнер организациите  Nevo Parudimos – Романија и Association Co-Efficient – Унгарија.

Повеќето од возрасните луѓе кои користат интернет во секојдневниот живот имаат многу малку знаења за безбедноста на интернет, за малтретирањето, онлјан говорна омраза, за онлајн пристапот до услугите, за безбедно користење на социјалните медиуми и каналите за комуникација и за GDPR.

Бидејќи се луѓе кои користат интернет само повремено во повеќето случаи за комуникација и забава, возрасните Роми не ја разбираат вистинската корисност на интернетот и не знаат како да го користат за нивна корист и за доброто на своето семејство или заедница.

Со оглед на фактичката ситуација со Корона вирусот кога јавните услуги: социјални услуги, здравствени услуги, образование и многу други се префрлени на интернет, возрасните Роми немаат пристап до ниту едно од нив или пристапот е многу мал. Сите активности кои бараат користење на интернет на понапреден начин водат до исклучување на возрасните Роми затоа што немаат знаење и способности да го научат ова. Една од главните причини е затоа што голем процент од возрасните Роми се неписмени.

Со нашиот проект имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет.

Со цел да се засилат менторите кои ќе бидат задолжени за менторската и поддршка на 20-те возрасни вклучени од секоја од 4-те земји: Романија, Германија, Македонија и Унгарија, претходно ќе се организира 3-дневна обука.

Улогата на менторите ќе биде да им понудат поддршка на возрасните Роми и да ги соберат препораките/предлозите од нив за подобрување на новите алатки.

На повикот може  да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 35 години
  • Да имаат познавање од областа на компјутерски вештини
  • Искуство со работа на маргинализирани и ранливи групи на граѓани
  • Познавање на работа со граѓанско општество
  • Принципи на навременост, одговорност и проактивност
  • Изградени способности за тимска работа и комуникација

Заинтересираните учесници може да се прјават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 05 Март 2022 година, најдоцна до 18:00 часот

 

 

Categories
Новости

Заврши првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Од 26.10 до 01.11.2018 година во Хотел Кратис се оддржа првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање.

Младите учесници од Македонија и Германија имаа можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да дознаат информации за механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, тие имаа можност да креираат свои продукти и визии како тие гледат на историјата и иднината работејќи во помали работни групи на стрипови, театар и социјални медиуми. Резултатите ќе бидат презентирани кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

 

Кон крајот на размената, учесниците имаа слободно попладне разгледувајќи го Кратово. Локалниот водич Стевче Доневски им ја долови богатата историја на градот и многуте легенди поврзани со истиот. На крај, учесниците ја посетија етно-куќата Шанчева каде што дегустираа локална храна подготвена од домаќините Доневски.

Втората размена во рамките на проектот ќе се оддржи во Април 2019 година во Берлин, каде што младите учесници ќе имаат можност и да го посетат споменикот подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од Фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање. Младите учесници ќе имаат можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да ги разбираат механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, ќе имаат можност да креираат свои продукти и визии кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

Проектот се состои од две младински размени практична работа помеѓу размените. Младите учесници ќе добијат можност и да го посетат споменикот во Берлин, подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Првата младинска размена ќе се оддржи во Македонија од 26.10 до 01.11.2018.

Втората младинска размена ќе се оддржи во Германија во средина на март 2019 година.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 октомври 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!