Categories
Конкурси Новости

Повик за младинска размена по повод Херделези 2018

Традиционално, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација го објавува повикот за учество на младинска размена по повод Ромскиот празник Херделези, која што ќе се оддржува во Берлин од 04 до 14 мај 2018 година. Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата.
Оваа меѓународна размена на млади создава неограничен простор на креативност за 32 млади Роми и не-Роми од 6 земји (Македонија, Романија, Црна Гора, Бугарија, Србија и Германија). Во текот на 10 дена, младите ќе имаат можност да креираат своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.
Младинската размена се стреми кон тоа да докаже дека преку употребата на креативни методи, соработката помеѓу Ромите и не-Ромите е можна и реална. Употребувајќи ја креативноста на младите како алатка се промовира меѓукултурен дијалог, анти-расизам и вклучувањето на малцинствата во општеството. Самите учесници се во центарот на вниманието во оваа размена, вклучувајќи се со свои идеи, интереси и вештини, ставајќи го фокусот на процесот на учење и креативност.
Специфичните цели се:
  • да се зајакнат лидерските вештини
  • да се развијат нови методи на работа со млади преку употребата на креативни алатки
  • да се употребат новите вештини во јавност

Резултатите од младинската размена ќе бидат презентирани на Херделези фестивалот во Берлин https://www.facebook.com/events/1243581662408145/Профил на учесници:

  • Активни млади на возраст од 18 до 25 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади;
  • Имаат желба да работат во мултикултурна група без предрасуди;
  • Да поседуваат одредени артистички вештини:
  • Познавање на англиски јазик за работа во група;
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Германија!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 30 април, 23:59 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Берлин, Нојкелн од 04 до 14 мај 2018 година! Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот хостел Пегазус (https://www.pegasushostel.de/en/)
Околу трошоците:
Патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите според правила на Еразмус плус програмата* Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите. Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: Авионските карти, сместување и храна!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!

Ви благодариме за покажаниот интерес!