БАРАМЕ МЛАДИНСКИ КООРДИНАТОР/КА!
РРОМА објавува јавен оглас за вработување на младински координатор/ка, со фокус на активности поврзани со работа на млади Роми и не-Роми преку неформално образование, вклучување и соработка со меѓународни организации и партнер-организации од мулти-етнички карактер.
Работното место предвидува работа со млади од маргинализирани и ранливи групи, патување во странство, како и координирање и администрирање на тековните проекти поврзани со млади, најчесто во рамките на Еразмус плус програмата, но исто така вклучување и работа на останати активности и проекти по потреба, како што е креирање на повици за учество, селекција на учесници, организирање на патувања, организација на настани итн.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Најмалку завршено средно образование
- Искуство со работа на маргинализирани и ранливи групи на граѓани
- Сензибилност за работа во мулти-етничка средина
- Валидна патна исправа (пасош) поради патување во странство
- Основни ИТ вештини
- Солидно познавања на англискиот јазик
- Принципи на навременост, одговорност и проактивност
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
ШТО НУДИМЕ?
- Осигурување и работно место со полно работно време од 40 часа неделно.
- Кандидат(к)ите ќе работат во канцеларијата во Кратово, по потреба.
- Бруто плата од 40.000 денари
- Покривање на трошоците за патување во странство
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Најдоцна до 16 Март 2022 година, 23:59 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Мотивационо писмо
- CV
Ве молиме во апликацијата да наведете име и презиме, телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на повикот.
Во зависност од изборот, организацијата може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
РРОМА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Младински координатор 2022 можете да ги доставите електронски на: info@rromassn.org
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост и по предвидениот рок за доставување нема да бидат земени во предвид.