Categories
Новости

Локален дијалог во Штип

На 16 мај 2018 година во Штип ќе се оддржи средба на локален дијалог помеѓу претставниците на локалната Ромска заедница и претставниците на локалната самоуправа. Средбата ја иницира коалицијата на Ромски невладини организации “Khetane” и истата е поддржана од ЕУ во рамките на проектот “Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција” и Вишеград фондот.

                                  

Целта на состанокот е да се зајакне дијалогот помеѓу заедницата, локалните институции и локалната власт за да се надминат предизвиците, лошата комуникација со локалните власти и проблемите на Ромската заедница.

На состанокот ќе се разгледуваат 4 димензии кои што потекнуваат од локалните карти за оценување на општините и тоа:

  1. Посветеност на локалната самоуправа
  2. Партиципација и Соработка
  3. Ситуација
  4. Промена

Ќе се дискутираат предизвиците и ќе се одредат конкретни препораки за нивно понатамошно надминување. Но, исто така добрата пракса на дијалог да стане редовна алатка за соработка помеѓу локалните власти и Ромската заедница.