На 17-18 септември 2020 година, проектниот тим имаше онлајн состанок за започнување на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид на пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“.
Целите на состанокот беа:
- Да се дознае повеќе за очекувањата и улогите на партнерите
- Да се претстави проектната цел и да се подготви избор на добри практики
- Да се дискутираат потребите за градење на капацитетите на партнерите за поддршка и развој на активностите за обука
- Да се воведат заедничките цели за застапување на проектот и да се започне со размислување за националното застапување
- Запознавање со грантовите на ЕЕА-Норвешка и очекувањата на проектот
- Јавен старт на проектот
Средбата започна со кратко прегледување на целта на проектот и различните работни пакети и продолжи со презентирањето на улогите и очекувања на партнерите, исто така се зборуваше за: Кои се нашите критериуми? Што веќе имаат на ум партнерите?
Првиот ден од состанокот беше насочен кон градење на капацитетите на проектот, имавме вовед во работниот пакет за обука, за комуникација и презентација, критериуми за транспаретност, пакет алатки за управување со проекти. Во петок на 18-ти разговаравме за работниот пакет за застапување, финасирање на истражувањето, состаноци за национално застапување. Споделивме национални ситуации за финасирање (на што работиме веќе, кои се нашите национални партнери, кои се нашите цели). Имавме и вовед во пакетот за работа со комуникација – веб страницата на проектот, информативнии сесии, кампањи на социјални мрежи, видео за проекти. На оваа сесија разговаравме за комуникациските барања за партнерите и идеи за промовирање на прокетот. Зборуваме и за тоа: Што може да тргне наопаку во проектот и како да се справиме со можните предизвици. Средбата заврши со кратка евалуација и сугестии за подобрување на идните состаноци.
The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.