Categories
Новости

Одржан онлајн панел дискусија (кафе муабет на зоом) на тема: „Предизвикот на жените Ромки за време на пандемијата“

 

РРОМА заедно со коалицијата Khetane, на ден 21.12.2020 година (понеделник), со почеток од 17.00 часот, беше одржана онлајн панел дискусија (Кафе муабет)  на zoom платформата, во рамки на проектот: Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција, организираше панел дискусија на тема „Кои се предизвиците на жените Ромки за време на пандемијата“.

 

                                            

Настанот се организираше во рамките на проектот „Romani women – Power of change in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија. РРОМА го имплементира проектот во Република Северна Македонија како партнер на Рома Актив Албанија.

Коалицијата „Khetane“ покани говорнички со различни профили и професионално искуство кои што низ муабет  дадеа одговор на предизвиците со кои што се соочуваат. Гостинки на настанот беа: Салија Бекир;  Санела Емин; Елма Демировска; Амиде Шаќири; Ајсел Мемет. Настанот беше модериран од Фатма Бајрам Аземовска,и одеше во живо на Facebook  страната на коалицијата Khetane.

                             

Настанот “Предизвиците на жените Ромки за време на пандемија“  се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста  имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа и како тие функционираат во време на Пандемија.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени.

Categories
Новости

Одржана дигитална конференција “Адресирање на говорот на омраза на Ромската заедница во онлајн сферата на општествено живеење”

 

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација на 10 декември 2020, денот на човековите права, организираше Дигитална конференција на тема Адресирање на говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата на општественото живеење.

                                                   

На дигиталната конференција свое воведно обраќање имаше г-динот Аркин Јахији, шеф на Кабинетот на Заменик Министерот за правда.

Конференцијата беше организирана во два панели.

На првиот панел говорници беа г-ѓа Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, г-ца Марија Андреева од Советот на Европа, г-ѓа Марина Тунева од Советот на етика во медиумите и г-дин Мустафа Јакупов извршен директор на РРОМА модериран од Урмета Арифовска (РРОМА).

                                    

 

На вториот панел говорници беа г-а Марија Сулејманова од Институтот Ромалитико, г-дин Срѓан Амет од Здружението на правници Роми, г-а Ирена Здравковска од Здружението Млади правници и г-а Славица Атанасовска од Хелшинскиот Комитет, модериран од Мухамед Ајваз (Ромалитико).

                                                  

На дигиталната конференција се дискутираше за говорот на омраза од различни аспекти и како истиот е адресиран и треба да биде адресиран од различни засегнати страни. Дискусијата на темата говорот на омраза се разви во дискусија за генералната поставеност на заштитата од говор на омраза пришто таквата дискусија даде насока за специфично дискутирање на говорот на омраза кон ромската заедница.

                                        

Заклучоците од дискусијата наведоа на тоа дека институциите треба да обрнат поголемо внимание на говорот на омраза на интернет и истите тие треба да остварат поголема соработка со невладиниот сектор за развивање на соодветни политики и одредби кои ќе обезбедат подобра заштита од говорот на омраза.

Дигиталната конференција беше стримувана на социјалната мрежа facebook:

https://www.facebook.com/rromassn.org/videos/387320299168322