Categories
Uncategorized Новости

Младинска размена ,,Plastic is the new green” во Италија

Во периодот од 3ти до 11ти мај во Италија, Pignola се одржа младинската размена ,, I GO – PLASTIC IS THE NEW GREEN” во рамки на Еразмус+ програмата на која учествуваа 48 млади луѓе од 8 земји.

За време на овој проект се споделуваа знаење за заштита на животната средина со намалување на нивото на загадување направено од самите нас, со специфична цел „Рециклирај“. Во текот на проектот се анализираа феномени на загадување во светот и главните цели што ЕУ сака да ги постигне за да направи поодржлив свет.

Во проектот се одржа  „час по занаети“ и со тоа се покажа на локалната заедница како да го искористи знаењето за рециклирање за подобра иднина. Проектот е дизајниран да го поттикне дијалогот меѓу младите преку креативност, уметност и култура.

Благодарение на овој проект учесниците развија ново чуство за тоа како да се негува рециклирањето преку игра и како ресурс за живеење во одржлива заедница. Сите активности се спроведоа преку неформални методи и работилници, состаноци и активности за „Повеќенаменска употреба“ на материјалите;

Учесниците одржаа работилници за работа со пластика, кутии од тетра пакувања, шишиња за домашни миленици, хартија итн… Тие имаат шанса да работат во мултикултурна средина дизајнирана да ги споделат меѓусебните цели на различни земји во полето на рециклирање.